Суши, планк и замрзнат јогурт: Ги откриваме сите тајни на совршеното тело на најзгодната Кардашијанка!

Дознајте повеќе

Фото: Getty Images

Сè за исхраната и тренингот на моделот

На одличната физичка форма на Кендал Џенер ѝ се воодушевуваат милиони луѓе ширум светот и тоа заслужено – долги вити нозе, затегнати стомачни мускули и тенок струк. Во едно интервју, Кендал Џенер повеќепати кажала дека имала среќа со генетиката, но спортот и исхраната исто така се многу важни за одржувањето совршено тело. Во продолжение дознајте што јаде и како вежба…

Храна

Кендал одржува прилично строг распоред на исхрана, не дозволувајќи си дополнителни грицки помеѓу оброците. Манекенката го започнува својот ден со авокадо со јајце или чинија овесна каша. Ова е висококалоричен, но многу хранлив појадок кој ѝ дава енергија за целиот ден. За ручек обично јаде пилешко месо, а како прилог користи кафеав ориз, киноа или свеж зеленчук. Кендал во принцип се обидува во нејзината исхрана да доминираат протеини, и растителни и животински.

Ако моделот, сепак, си дозволи грицки, тогаш нејзиниот избор паѓа на природен хумус со свеж зеленчук (обично морков или целер). Ова е одлична ужина која го заситува телото и носи здравствени придобивки. За вечера, сака да јаде суши или вегански тестенини со сос од домати. Тестенините се едно од омилените јадења на манекенката, но желбата да остане во форма е посилна од љубовта кон храната, па ретко го прекршува овој режим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Ако манекенката, сепак, одлучила да си даде одмор и да изеде нешто „забрането“, тогаш изборот паѓа на брза храна, а не на парче торта. Во едно интервју, Кендал признала за нејзината љубов кон пицата, бургерот, помфритот и пилешките крилца, но и дека е рамнодушна кон благото. Единствениот десерт на кој не може да му одолее е замрзнатиот јогурт, за кој често зборувала во семејното реално шоу Keeping Up With the Kardashians.

Тренинзи

Кендал сигурно имала среќа со генетиката, но никогаш не заборава на тренингот. Кендал се занимава со разни спортови за да не изгуби интерес. Под строгото водство на познатиот тренер Гунар Питерсон, моделот се занимава со кикбокс и кардиотренинзи. И покрај фактот што Кендал повеќепати признала дека не сака кардиотренинзи, таа никогаш не ја занемарува лентата за трчање, особено за време на модните недели или пред важни снимања.

Статусот на супермодел наметнува одредени обврски, па таа никогаш не го пропушта тренингот. Ако нема можност да се состане со тренер, прави тренинг за цело тело дома.

Домашниот сет за вежби вклучува:
  • Планк на лакти
  • Планк со раширени раце
  • Страничен планк
  • Клекнувања
  • Исчекори
  • Возење велосипед
  • Склекови

Моделот ги повторува сите вежби 20-25 пати и прави најмалку 3 сета. Овие вежби ќе ви овозможите да ги одржите сите мускулни групи во добра форма кога немате можност да одите во вежбалница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Здравје

Кендал се обидува да ја одржи добрата форма не само на мускулите, туку и на нервниот систем. Работата на модел е напорна, па често ја зголемува анксиозноста и може да предизвика разни ментални проблеми. Вистински спас за Кендал е трансцендентална медитација. Таа ја практикува 4 години и забележува видливи подобрувања во својата психолошка состојба: ѝ станало полесно да ги контролира своите емоции и не се возбудува поради ситници.

Покрај медитација, моделот многу внимава и на својата рутина за спиење, па Кендал секогаш спие 7-8 часа дневно, тоа е најважно за неа. Секако, во текот на модните недели тоа не е секогаш возможно, но остатокот од времето, спиењето е приоритет.

Кендал Џенер прошета во минијатурно секси-парче: Дали би го пробале и вие? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.