Совршена боја и провокативен крој: Кралицата Летиција во фустан што се закопчува само со едно копче

Погледнете

Првата дама на Шпанија оправдано ја заслужила титулата модна икона

Кралицата Летиција и во новата година продолжи да нè радува со одлични стајлинзи. Овој пат, сопругата на Филип Шести облекла еднобоен фустан, одбирајќи навистина кралска нијанса – ројал сина.

Кралицата и нејзиниот сопруг се појавиле на традиционалниот годишен прием на дипломатскиот кор во Шпанија. Настанот се одржал во кралската палата во Мадрид. Летиција носела фустан долг до подот со долги ракави и прорез кој бил прицврстен само со едно копче.

Шпанската кралица ја стилизирала косата во елегантна фризура, која не само што одлично се вклопува во оваа пригода, туку одлично оди и со нејзината кралска облека. Сините чевли од плиш на Нина Ричи совршено го надополниле изгледот на кралицата.

Летиција со право проценила дека на нејзиниот стајлинг нема да му требаат модни додатоци.

Кралицата Летиција во деловен стајлинг: Нејзиниот стил е пример за безвременска елеганција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.