ИутеКредит Македонија ја додели целосната стипендија на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје

Редовно следете ги каналите за комуникација на ИутеКредит Македонија за сите наредни можности за стипендирање

Кристина Тасева e студентката која ја доби стипендијата која ја доделува ИутеКредит за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје. Кристина ќе биде постдипломец на Факултетот за Деловна Економија и Организациони Науки, насока деловна и организациска психологија.

Со својот досегашен успех во студиите по психологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и квалитетот на истражувањето за финтек индустријата во Македонија, Кристина се издвои како особено квалитетен кандидат и токму затоа беше избрана за добитник на целосна стипендија за тековната академска година.

На Кристина и посакуваме многу успех во студиите, а на останатите сегашни и идни студенти, им порачуваме редовно да ги следат каналите за комуникација на ИутеКредит Македонија за сите наредни можности за стипендирање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.