ИутеКредит доделува целосна стипендија за додипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани ученици да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија

Водејќи се од тоа дека секој млад човек заслужува еднакви шанси за образование и постојаните заложби на компанијата за инвестиции во човечки капитал, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, објавува повик за доделување на целосна стипендија за додипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациски науки, насока Финансии и банкарство (акредитирано од ACBSP) во рамките на УАКС.

Конкурсот за стипендијата која се однесува за академската 2021/2022 година е отворен за сите редовни ученици од четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија со положена државна матура (доказот за државна матура и сведителството од четврта година ќе се достават откако ќе бидат добиени од страна на средното училиште и државниот орган).

Потребни документи:

  • Пополнување на електронска апликација
  • Потврди за приходи

1. За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварени приходи за последниот месец пред аплицирањето на овој конкурс или потврда за последната исплатена плата (за пензионираните – испратница од пензија).

2. За невработените членови на семејството да се достават потврди од АВРСМ дека се невработени и примаат/не примаат паричен надоместок, со наведување на износот на паричниот надоместок, доколку примаат.

  • За учениците да се достават потврди од училиште.
  • Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со податоците внесени во пријавата;
  • Доказ за успех од средното училиште – свидетелства од прва до трета година
  • Мотивационо писмо

Бараните документи е потребно да се достават најдоцна до 31.05.2021 г. на следната е-маил адреса: marketing@iutecredit.mk, добитникот на стипендијата ќе биде објавен на веб страната на ИутеКредит Македонија.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани ученици да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.