Мермер, златни детали и леопард… или лав во спалната соба: Станот на контроверзната водителка сега изгледа ВАКА (ФОТО)

Го платила 200.000 евра... на кредит!

Јована Јеремиќ, водителка на Пинк телевизија, ја отвори вратата од својот стан во Дорчол.

Контроверзната водителка Јована Јеремиќ во позната ТВ-емисија откри дека почнала да го реновира станот веднаш штом го купила, а мајсторите откриле и дека со неа доаѓа и нејзината посилна половина.

Јована не сакаше да открие за кого станува збор, но на водителот и му откри дека „да можеше оваа рерна да зборува, сешто ќе кажеше“ и се насмеа. Јована потоа откри како ќе изгледа нејзиниот дом.

Во спалната соба ќе имам тапет со лав, го видов тоа на филм, ќе водам љубов под лавот. Во трпезаријата ќе има шанк-маса со зелени столчиња, бањата ќе биде мермерна со златни детали, сè ќе биде направено со стил и луксуз. Го сакам луксузот и сакам сè да биде на ниво, изјави водителката.

Јована претходно откри дека станот од 54 квадрати, за кој подигнала кредит, со реновирање ќе ја чини околу 200.000 евра.

Станот е во стара зграда и ќе биде комплетно реновиран. Во мојот живот отсекогаш се водев од енергијата, а овој стан има енергија од милион долари, иако е стар. Со реновирањето овој 54-квадратен стан ќе ме чини 200.000 евра. Сè заработив сама со сопствен труд.

Voditeljka o sređivanju stana

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.