Како да се справите со неправедните и зли луѓе: Добро запомнете ја оваа реченица што ќе ви ги отвори очите!

Прочитајте!

Често се прашуваме како да се справиме со неправдите што нè опкружуваат, а всушност, многу е едноставно

Речиси и да не постои човек кој не се соочил со неправда што му предизвикала негативни емоции. На секому од нас понекогаш животот му се чини неправеден, но секогаш треба да живееме со помислата дека најдоброто допрва доаѓа! Па како да најдете трпение и сила и да останете имуни на неправдата што ви се случила?

Никола Тесла се соочил со неправда кога му ги краделе најдобрите идеи и си ги припишувале на себе. Тој со една реченица ја открил суштината:

„Не ми е жал што ми ги крадеа идеите, туку што немаа свои!“

Во многу евангелски написи може да се види напорот во борбата против сите видови неправди ширум светот. Меѓутоа, најчесто таа борба не изгледа така како што си замислуваме. Исус најпрво нè поттикнува да погледнеме во своето срце пред да почнеме да ги поправаме туѓите грешки.

„Што го гледаш трнот во окото на твојот брат, а не ѝ обрнуваш внимание на иверката во твоето око? Или како можеш да му кажеш на твојот брат: ‘Дај, да ти го извадам трнот од око’, а ете, иверка во твоето? Дволичност, извади ја прво иверката од твоето око, па потоа ќе можеш добро да гледаш и да го извадиш трнот од окото на брат ти.“

Многу е лесно да ги воочуваме туѓите грешки и да укажуваме на неправдите што се случуваат ширум светот, без активно да се вклучиме во нивното решавање. Многу потешко е да му обрнеме внимание на сопствениот живот и да видиме дали живееме онака како што им проповедаме на другите. Ако нашата порака наиде на неразбирање, тоа е затоа што самите не сме го спознале она што го проповедаме. Па затоа, мора да докажеме нешто преку сопствен пример, пред да ги советуваме другите што да прават.

Добрината кон другите мора да биде на чело на секоја борба против неправда

Добрината би требало да ги обликува нашите погледи и постапки. Како што вели мислата:

„Не можеме од далеку да се бориме со оган, бидејќи на тој начин само ќе запалиме уште поголем оган. Наместо тоа, мора да се бориме против неправдите така што прво ќе погледнеме во своето срце, ќе го поправиме тоа што ќе го најдеме таму, а потоа ќе донесеме мир во светот, во духот на добронамерноста.“

Нашите предци секогаш се придржувале до мудроста дека доброто со добро се враќа!

Тесла верувал дека секој човек може да пропадне поради ОВА: Се придржувал до 9 мудрости што само длабокоумните луѓе ги разбираат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.