Тесла верувал дека секој човек може да пропадне поради ОВА: Се придржувал до 9 мудрости што само длабокоумните луѓе ги разбираат

Вреди да се прочита

Познатиот Никола Тесла се придржувал до 9 мудрости кои го менуваат животот од корен

Го нарекувале сонувач, им се потсмевале на неговите идеи, но со текот на времето, ја докажал својата генијалност. Никола Тесла бил неверојатно талентиран. Лесно доаѓал до своите откритија, како на шега. Велел дека техничките решенија сами му паѓале на памет, додека светот и луѓето ги гледал со комплетно други очи.

Освен што бил пронаоѓач, бил и визионер, а неговата визија за смртта и денес се прераскажува – верувал дека смртта не постои!

Меѓутоа, неговите мисли и мудрости што ги оставил зад себе, секој човек треба да ги знае.

1. Нашите доблести и недостатоци се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, човекот нема да постои.

2. Иднината нека ја каже вистината, проценете го секој човек според неговата работа и заслугите. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, напорно работев за неа.

3. Човекот мора да вежба умереност и контрола на своите сетила и склоности во секој поглед, за да се одржи себеси млад во телото и во разумот. Воздржувањето никогаш не ми било по вкус, но моите искуства се голема награда.

4. Човекот е роден работи, да трпи и да се бори. Оној што не го прави тоа, со сигурност ќе пропадне.

5. Учев многу јазици, проучував книжевности и уметности, ги поминав моите најдобри години во библиотеки читајќи сè што ќе ми дојде при рака и чувствував дека го губам времето, но набрзо сфатив дека тоа е најдоброто нешто што некогаш сум го направил.

6. Од сите можни пречки, онаа што најмногу го забавува човечкиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува „најголемото зло во светот.“

7. Најважниот производ на создавачкиот ум е изумот. Неговата крајна цел е совладување на умот на природата и искористување на нејзините сили за потребите на човештвото.

8. Ако продолжувам да го прекинувам текот на мислите и да чувствувам вистинска духовна мачнина, тогаш преминувам на друга работа, изненаден од свежината на умот и леснотијата со која ги совладувам препреките што претходно ми предизвикувале проблем. И така редовно наоѓам одговори на тешките прашања со минимален напор.

9. Ако не знаете како, набљудувајте ги природните појави, тие ќе ви дадат јасни одговори и инспирација.

Необични навики на Никола Тесла: Тенка е линијата помеѓу генијалноста и лудоста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.