Стуткана гибаница готова за 25 минути: Нема поедноставен рецепт од овој, а со ОВОЈ ТРИК ќе ви излезе сочна и неодолива!

Брзо и вкусно

Ви предлагаме едноставен рецепт за стуткана гибаница, за чие приготвување потребни се само пет минути

Стутканата пита е идеален избор за сите оброци, а она што ја издвојува од другите, освен начинот на приготвување, е брзината. За приготвување на ова вкусно јадење, ќе ви требаат само пет минути, а сите состојки сигурно веќе ги имате дома.

Состојки:
  • 500 г тенки кори
  • 3 јајца
  • сол
  • 400 г сирење
  • 250-300 мл млеко
Приготвување:

Изматете ги јајцата и додајте сирење, па сето тоа соединете го убаво. Посолете ја смесата, во зависност од соленоста на сирењето, а потоа додајте млеко и измешајте го сето тоа убаво. Потоа, намрсете тепсија за печење и покријте ја со кора, па на таа кора додајте уште една, па намрсете ја малку. Потопувајте кора по кора во смесата, туткајте ги и редете ги во тепсијата.

Доколку ви останал вишок од смесата, сипете ја врз гибаницата, покрије ја со сува кора, па намрсете ја малку. Потоа ставете уште една кора одозгора и намрсете ја. Каква ќе биде питата најмногу зависи од квалитетот и вкусот на сирењето.

Печете ја питата на 200 степени, околу половина час до 40 минути.

Добар апетит!

Сочна и мека гибаница на романски начин: Лесно се приготвува, а трикот лежи во вкусниот прелив!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.