Следниве работи задолжително мора да се најдат на трпезата за Бадниковата вечер: ОВА чувајте го и по Божиќ за здравјето на домашните

Обичаи и верувања

На трпезата за Бадник никако не смее да има мрсни јадења, а одредени намирници, како грав и риба, се задолжителни

Бадниковата вечер се поминува со семејството во слога, мир и љубов. Тоа е последниот ден од постот, па на трпезата никако не смее да има масни јадења. Според мислењето на етнолозите што ја истражувале оваа традиција, од јадења се приготвуваат грав, кисела зелка, пире од ореви (или од вишни) и риба.

Во некои домаќинства, на оваа вечера не смее да изостане ни печената тиква, која се јаде за децата да немаат красти на главата во текот на годината. На трпезата за Бадниковата вечер не смее да изостане ни медот, кој се јаде со ореви, а по Бадник се чува во домот како лек.

Етнолозите го имаат откриено и значењето на гравот на трпезата. Имено, гравот е омиленото јадење за душа на покојните.

На тој начин на Бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци, кои токму преку храната се поврзуваат со своите поколенија, давајќи им сила и поттикнувајќи ги на успех. Слична улога на вечерата има и медот, додека рибата има ритуално значење, чие потекло не е толку познато, но уште во Средниот век се поврзувало со симболот на Исус Христос.

Стари обичаи: Еве како правилно се прославува Бадник и Божиќ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.