Сопругата на Роналдо воодушевила со изгледот во Саудиска Арабија: Нејзиниот навидум едноставен стајлинг чини МИЛИОНИ!

Права дама!

Георгина Родригез блескала во црна ролка, додека косата опуштено ѝ паѓала преку рамениците

Георгина Родригез, сопругата на еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, присуствувала на церемонија на која легендарниот спортист бил претставен како нов играч во тимот Al Nasr FC во Ријад.

Во таа пригода, оваа убавица блеснала во умерена и едноставна комбинација. Имено, одбрала црна ролка и фармерки со широки ногавици, додека целата комбинација ја надополнила со долга бордо наметка.

Меѓутоа, најголемо внимание привлекол скапоцениот дијамантски прстен на нејзината рака и обетките, како и впечатливата розова чанта, која, исто така, чини многу. Ако помисливте дека овој стајлинг на Георгина е сосема обичен, сте се излажале.

Сопругата на Роналдо го поддржа фудбалерот во најголемиот пресврт во кариерата, кога одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед, и тоа на неочекуван начин – по експлозивното интервју со Пирс Морган, во кое ги критикуваше и клубот и менаџерот Ерик тен Хага, а светските медиуми со денови пишуваа за тоа.

„За мене ова е одлична можност во фудбалот, сакам да го променам менталитетот на новите генерации. Никој не знаеше, но сега можам да кажам. Имав многу понуди во Европа, многу клубови, во Бразил, Австралија, САД, дури и во Португалија имаше многу клубови што се обидуваа да ме добија. Но му дадов збор на овој клуб“, заклучил Роналдо на церемонијата.

Се фалат како живеат, а врската им е во криза: Исплива бруталната вистина за Георгина и Роналдо, а еве зошто се заедно кога меѓу нив нема ни трошка љубов
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.