Откриле напуштена вила вредна 10 милиони долари: Полна со луксузна облека, мебел и автомобили, а ОВА особено интригира!

Неверојатно

Двајца номадски патници нашле напуштена вила вредна десет милиони долари, полна со мебел и луксузни автомобили

Џереми Абот и Биг Банкзи се номадски патници кои трагаат по напуштени имоти. Неодамна откриле напуштена вила од три илјади квадрати со десет спални соби и 11 бањи.

Не откриле каде точно се наоѓа, но раскажале кој ја градел вилата, што сѐ нашле на имотот, како и зошто куќата е напуштена. Видеото го објавиле на Јутјуб минатиот месец, а собрале повеќе од 1.1 милиони прегледи.

Семејството морало да ја напушти куќата

„Човекот кој ја изградил куќата бил многу успешен. Дипломирал на еден од најдобрите медицински факултети. Бил хирург, татко на четири деца и бил пилот, како хоби“, објаснува Абот во видеото.

Куќата ја изградил за своето семејство, близу до работното место. За жал, сопственикот на куќата, заедно со својот син, загинале во авионска несреќа.

Семејството живеело во таа куќа до 2015 година. Сопругата на хирургот и нивните три деца биле принудени да ја напуштат куќата откако дошло до проблеми со наплатата на животното осигурување на загинатиот сопственик, со оглед на тоа што некое време не ја плаќал ратата за премиум осигурувањето. Семејството, наводно, сѐ уште должи околу осум милиони евра за оваа куќа.

Куќата и денес е полна со работи, од кои повеќето се скапоцено, но напуштена е. Абот мисли дека во неа живеел бездомник, кој побегнал низ прозорецот кога слушнал дека некој влегува на имотот. Абот поминал 11 часа со колегата на имотот и го истражиле секој агол.

Што пронашле на имотот?

Џереми и неговиот пријател на имотот пронашле Мерцедес, стара буба и Ленд Ровер. Во дневната соба имало накитена божиќна елка.

„Најчудното нешто што го најдовме внатре не се луксузните автомобили, скапиот мебел и техника. Ме зачуди тоа што во куќата најдовме многу облека и обувки кои сѐ уште имаа етикета, како чевли Диор во плакарот“, рекол Абот.

Освен облека, во бањата имало многу скапа шминка, а низ целата куќа се гледаат траги од луксузниот живот на семејството. Биле најдени кутии од тогаш најскапите мобилни телефони. Во собите имало и кутии од скапоцени часовници и накит, како и купишта брендирана облека и постелнина. На двајцата пронаоѓачи не им било јасно зошто сопствениците ја напуштиле куќата, без да ги понесат со себе сите овие вредни работи.

Погледнете како изгледала целата вила во видеото во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.