На жена му на Златан Ибрахимовиќ ѝ завидуваат и двојно помлади: Згодното тело во 6-тата деценија го одржува благодарение на ОВОЈ трик!

Одлично изгледа!

Многу дами ширум светот се прашуваат како Хелена Сегар ја одржуваат одличната линија, а тајната е во тренингот што не го пропушта

Иако Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите фудбалери во светот, неговата сопруга Хелена Сегар и тоа како привлекува внимание со својата згодна става и неверојатно младешки изглед на 52 години!

Убавата некогашна шведска манекенка успеала да го одржи своето тело во топ-форма, иако гордо ја гази шестата деценија. Имено, таа е висока околу 170 сантиметри, а тежината ѝ варира од 52 до 55 кг. Тие бројки ни кажуваат дека има речиси идеална градба, иако таа смета дека нозете ѝ се прекратки, а колковите прешироки.

Очигледно е дека нејзината тежина не се менува со текот на годините, како и дека секој нејзин мускул на телото е извајан, па многу помлади дами ѝ завидуваат поради витата става. Но за да има атрактивен изглед, поубавата половина на Златан, редовно оди на тренинзи, а тајната е во тоа што задолжително користи тегови за време на вежбањето. Исто така, внимава што внесува во организмот и се труди да не јаде често нездрава храна.

Од друга страна, не троши премногу време на одбирање модни комбинации и повеќепати има нагласено дека подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани. Не сака шопинг, нема куќна помошничка, а ужива во брзото возење на мотор.

Оваа убавица речиси две децении е во љубов со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, со кого има и две деца. А нивната романса не престанува да го буди интересот на јавноста, бидејќи Хелена е 11 години постара од него.

Меѓутоа, таа не сака да го носи статусот „сопруга на фудбалер“ и бега од медиумите, па речиси никогаш не дава интервјуа. Затоа, многу ретко може да се види во јавност, ретко се појавува дури и на настаните организирани во чест на Златан.

Неговата сопруга е поубава од сите негови љубовници: Најарогантниот човек на светот го сруши Интернетот со едно видео!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.