Стари обичаи: Еве како правилно се прославува Бадник и Божиќ!

Православни обичаи

Најрадосните обичаи се на прагот. Еве што треба да знаете за традицијата и обичаите за да ги испочитувате овие прекрасни денови на љубов и слога

Зборот што симболизира Божиќ и Бадник и што треба да ве води е – љубов! Додајте на тоа малку слога и разбирање и ќе го добиете најрадосниот христијански празник. Па, има ли поубав и повесел поздрав од „Христос се роди!“?

Ова се старите православни обичаи…

Бадник

Денот пред Божиќ, 6 јануари, се вика Бадник. Со овој ден веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат), се пали оган и се пече месо. Жените месат колачи и торти и ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта.

Бадникова вечер

Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне мрак, домаќинот со синовите во домот носи баднак и слама. Вечерата е посна, најчесто се приготвува гравче, свежа или сушена риба, како и други посни јадења.

Денес, сите овие обичаи се приспособуваат на градската средина каде што нема ни оган, ни огниште, ни шума. Наместо големо дрво, се земаат дабови гранчиња и мала количина слама. Сето тоа пред Божиќ се става под славската икона. Потоа се палат свеќа и кандило, што симболизира оган и огниште, а куќата се кади со темјан.

Божиќ

Божиќ е најрадосниот православен празник. Првиот ден, секогаш е 7 јануари и се празнува три дена. Луѓето се поздравуваат со „Христос се роди!“ и возвраќаат со „Вистина се роди!“.

На Божиќ, рано наутро, во домот доаѓа специјален гостин (тоа обично се договара со домаќинот). Се смета дека таа личност цела наредна година ќе носи среќа во домот.

Погача

Рано наутро на Бадник, домаќинката меси тесто од кое пече погача. Во неа се става метална паричка (златна, сребрена или обична). Кога ќе биде печена, се изнесува на Бадниковата вечера. Погачата се врти како славски колач, се прелева со вино и потоа се крши на онолку делови колку што има домашни. Според народното верување, оној што ќе го добие делот во којшто се наоѓа паричката, ќе биде среќен цела година.

Обичаите постојат за да нѐ поврзат со традицијата, да нѐ приближат едни кон други. Создадете ваши обичаи, такви што ќе ги пренесувате од колено на колено, за да ве паметат генерациите што доаѓаат. Но никогаш не заборавајте, за Божиќ најважно е во вашиот дом да има љубов и слога.

Најубавите обичаи за Бадник: Тука лежи смислата на божиќната прослава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.