Секој ден повторувајте ги овие зборови на Ајнштајн, особено на децата: Многу едноставно ја објаснил суштината на животот!

Воспитување на правилен начин

Алберт Ајнштајн бил голем мудрец, покрај тоа што бил еден од најзначајните научници на сите времиња

Знаел да ги сподели своите мисли со другите на толку едноставен начин, што и дете можело да ги разбере. Сметал дека не можете да тврдите дека знаете нешто, ако не можете да му го објасните тоа на 6-годишно дете.

Имено, одредени зборови на Ајнштајн можат да нè научат многу за животот, среќата, мирот и задоволството. Неговите реченици можат да им помогнат на многумина, особено на оние што допрва го откриваат светот. Кога ќе ги прочитате, ќе видите дека многу полесно би се справиле со некои ситуации ако сте ги знаеле претходно.

Внимателно размислете за секоја порака на Ајнштајн…

За фантазијата

„Фантазијата е поважна од знаењето“

За мистериозноста

„Најубавото нешто што можеме да го доживееме е тоа што е мистериозно. Тоа е основното чувство што лежи зад секоја уметност и наука.“

За глупавоста

„Разликата помеѓу глупавоста и генијалноста е тоа што генијалноста има свои граници.“

За убавите девојки

„Кога човек седи еден час со убава девојка, тоа му се чини како една минута. Но кога седи една минута покрај врела печка, му се чини како да е подолго од еден час. Тоа е релативност.“

За национализмот

„Национализмот е детска болест. Тоа се сипаниците на човештвото.“

За решавањето проблеми

„Не можеме да ги решиме проблемите на истиот начин на кој сме ги создале. Интелектуалците ги решаваат проблемите, генијалците ги спречуваат.“

За умот

„Умот е како падобран – функционира само ако е отворен.“

За здравиот разум

„Здравиот разум е само еден куп предрасуди што сме ги усвоиле до 18-тата година.“

За разбирањето

„Ако нешто не можете да објасните на шестгодишно дете, тогаш ни вие самите не го разбирате.“

За прашањата

„Важно е да не престанувате да поставувате прашања. Постои причина за постоењето на љубопитноста. Човек не може да го одбегне чувството на стравопочит додека ги промислува тајните на вечноста, на животот, на величествената структура на стварноста. Доволно е секој ден да се обидувате да разберете мал дел од таа тајна. Никогаш немојте да се откажете од љубопитноста.“

За грешките

„Човек кој никогаш во животот не направил грешка, никогаш не започнал ништо ново.“

За знаењето

„Образованието е тоа што останува откако ќе заборавите сè што сте научиле на училиште. Кога ќе престанете да учите, почнувате да умирате.“

За душата

„Големите души секогаш се соочувале со жесток отпор од просечните умови.“

Рецептот за среќа на Ајнштајн: Секое утро поставувајте си го ова прашање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.