Работата на отворено може да го намали стресот

Истражување открива

Работните места „под ведро небо“ ги стимулираат работниците да бидат поактивни, а на тој начин да се ослободат од акумулираниот стрес.

„Стануваме сѐ помалку седечка работна сила. Сè што можеме да направиме, дури и пасивно, ќе има огромни придобивки“, вели водечкиот истражувач Кејси Линдберг.

Тој и неговите колеги ги набљудувале физичката активност и нивоата на стрес кај 231 канцелариски работници и сите биле прогласени за здрави пред да почне студијата. Некои работеле од далечина за време на експериментот, додека други работеле во простории што немале прегради помеѓу масите. Другите работеа во канцеларии опремени со кабини со високи прегради.

Работниците што работеле на отворено биле 20 проценти поактивни од оние во канцелариите без прегради меѓу работниците и дури 32 проценти поактивни од колегите во канцелариите со прегради, покажа оваа студија.

Во споредба со колегите што поголемиот дел од работното време го поминувале седејќи, поактивните работници имале 14 проценти пониско ниво на стрес.

За три дена и две ноќи, учесниците во студијата носеле уреди за следење на отчукувањата на срцето и целокупната активност. Тие, исто така, завршиле истражувања насочени кон добивање податоци за промените во расположението при работа. Истражувањето на крајот го проценило целокупното ниво на стрес.

По анализирањето на голем број фактори, вклучително и возраста, полот и дебелината, истражувачите забележале дека мажите се повеќе активни во канцеларијата отколку жените, а помладите и потенки работници се под помал стрес во споредба со постарите и малку подебели колеги.

Конечно, Линдберг истакна дека иако отворените канцеларии се поврзани со подобро ментално здравје, студијата не покажува специфични причини и последици. Тој се надева дека наодите на неговиот тим ќе доведат до нови студии за предностите и недостатоците на различните аспекти на канцелариската работа и работата на отворено.

Прочитајте и: Една студија открила дека за жените одењето на работа е како пауза од домашните обврски

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.