Мажите ширум планетава губеле глава поради оваа жена: Потоа таа се омажила за богаташ и престанала да се дотерува

Погледнете како изгледа денес

Зад себе има огромна збирка на љубовници – уживала во животот максимално

Поранешната манекенка и актерка Џери Хол од своите почетоци во светот на шоу бизнисот привлекувала внимание со својот стил на живот. Најпозната е по бракот со легендарниот рокер и фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер, а денес по бракот со медиумскиот могул Руперт Мурдок, кој е постар од неа дури 25 години.

https://www.instagram.com/p/B-xebjZBiQ9/

Џери како занесна убавица го освоила срцето на Мик во далечната 1977 година, а се омажила за него дури во 1990 година на Бали. Девет години подоцна бракот им бил прогласен за неважечки, па одлучиле да ја прекинат врската, а причината за тоа наводно биле неговите неверства и афери со други жени. Но и таа изневерувала, а тоа го признала и самата во една пригода.

https://www.instagram.com/p/B2hg0B1B9ro/

https://www.instagram.com/p/CCNtwb9oeD2/

Имено, во 1980 година била со тогаш оженетиот американски тајкун Роберт Сангстер и тоа за да му се одмазди на Мик за едно од неверствата.

„Имав афера со Роберт, но Мик ме преколнуваше да му се вратам. Мислев дека ќе се промени во одреден момент, но никогаш не се промени. Неговите неверства со други жени беа прилично одвратни, но тоа беше единственото нешто што ме нервираше кај него“, изјавила таа во едно интервју.

https://www.instagram.com/p/B5YPViwAu_A/

Сето ова се случило откако едната од петте сестри од малото тексашко гратче Гонзалез отишла во Париз со само 800 долари, со цел да стане манекенка, што ѝ успеало благодарение на привлечниот изглед. Заминувањето во далечната Франција ѝ било сугерирано од страна на мајка ѝ, која била голема обожавателка на филмската индустрија и филмови, а и самата таа сонувала за актерска кариера.

https://www.instagram.com/p/B6l_J96BlYK/

Џери остварила многу работи од тогаш до денес, а сега на 64 години ужива во љубовта со Руперт Мурдок, со кого се свршила во 2016 година, а веста за свршувачката била објавена во весникот „Тајмс“, чиј сопственик е тој. Истата година се венчале, а заедно го поминуваат секој слободен момент и уживаат во патувањата на кои неуморно ги следат папараците.

https://www.instagram.com/p/BCltl1aFxQg/

Но освен Мик и сега Руперт, во нејзиниот љубовен живот трага оставиле и уметникот Енди Ворхол, историчарот Адам Замојски, основачот на Мајкрософт, Пол Ален, продуцентот Џорџ Вауд, играчот на крикет Шејн Варне и претприемачот Варвик Хемсли.

https://www.instagram.com/p/CCJmM0OAEf1/

Иако нејзиниот младешки изглед избледува, Џери денес не се оптоварува премногу со изгледот, туку ужива во животот и во љубовта што ја нашла во позрелата доба.

Се венчавала дури осум пати, но само ТОЈ бил љубовта на нејзиниот живот: Сите љубовни бродоломи на најголемата заводничка во Холивуд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.