Прва трансформација на Ева Лонгорија: Актерката направи нешто на што малку ѕвезди од нејзиниот калибар би се осмелиле (ВИДЕО)
Белиот корен за миг го снема
Ева Лонгорија (46) направи нешто на што малку познати дами би се осмелиле.
Најсексапилната очајна домаќинка, како што ја нарекуваа додека го толкуваше ликот на заводливата Габи во популарната серија, во петата деценија од животот продолжува да воодушевува со својот изглед.
Вишокот килограми наталожени за време на бременоста го стопи со напорни тренинзи и успеа да ја врати ставата по која е препознатлива.
View this post on Instagram
А сега се одлучи на уште посмел чекор – го покажа вистинското лице, без грам шминка! И не само тоа, Ева го покажа и белиот корен. Станува збор за првото видео на трансформација што актерката го сними за своите следбеници, на кои многу им се допадна, па го накитија со огромен број лајкови и комплименти.
Што мислите вие за трансформацијата на Ева?
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм