Правила на мудрите жени за многу порелаксиран живот: Секоја од нас би требало да ги почитува, без оглед на годините!

Внимателно прочитајте

Немојте сами да си го комплицирате животот

Ова се златни правила што секоја од нас би требало да ги почитува, без разлика колку години имаме. Благодарение на нив ќе одбегнете многу непријатни ситуации, расправии и стресови. Од друга страна, ќе живеете многу порелаксирано и посреќно.

Внимателно прочитајте ги…

  • Никогаш никому не му држете предавања. Дури и ако знаете дека ќе бидете во право. Сетете се колку тоа ве нервирало вас кога сте биле помлади и дали сте ги послушале советите на постарите?
  • Не обидувајте се да помогнете освен ако не се бара тоа од вас. Не наметнувајте му се никому. Не обидувајте се да ги заштитите вашите сакани од сите неволји на светот. Само сакајте ги.
  • Не жалете се! Немојте да станете огорчена старица што седи на клупа пред зграда.
  • Не очекувајте благодарност од децата. Запомнете: не постојат неблагодарни деца. Има само глупави родители што очекуваат благодарност од своите деца.
  • Не кажувајте реченици како: „Јас да сум на твои години…“, „Правам сѐ за тебе…“, „Јас сум постара, па знам подобро…“
  • Ако имате внуци, немојте да инсистирате да ве викаат по име, а не бабо. Тоа е глупаво.
  • Не трошете ги последните пари на третмани против стареење. Тоа е бесмислено. Подобро потрошете ги на патување.
  • Не гледајте се во огледало и не шминкајте се во затемнета просторија. Не ласкајте си себеси. И обидете се да изгледате што поелегантно. Елегантно, а не младолико. Верувајте, така е подобро.
  • Чувајте го вашиот сопруг, дури и ако станал збрчкан, беспомошен, мрзоволен старец. Не заборавајте дека некогаш бил млад, силен и весел и сигурно тој е еден од ретките што ве памети млада, убава и вита. И можеби тој е единствениот кому моментално сте му потребни.
  • Не обидувајте се по секоја цена да бидете во чекор со времето: не треба да ги разбирате новите технологии, да ги следите сите трендови, постојано да учите нешто ново за да бидете во тек со животот. Тоа е смешно. Правете го тоа што го сакате и што ве прави среќни.
  • Не се обвинувајте себеси за ништо. Без разлика како излегол вашиот живот или животот на вашите деца, сте направиле сѐ што сте можеле.
  • Задржете го достоинството во секоја ситуација. До самиот крај!
„Се’ повеќе читам книги, а се’ помалку бришам прашина“: Мудроста на оваа жена ќе ве освести!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.