Пензионерка (88) го продала својот имот и се преселила на луксузен крузер: 12 години постојано патува и ужива во животот

Живот од соништата

Последните денови од животот не мора да бидат лоши

Пензионерскиот живот може да биде возбудлив и неверојатен! Тоа барем ни го порачува Вечестер Ли, жената што пред 12 години го продала целиот свој имот и на 86-годишна возраст закупила кабина во најлуксузниот крузер и оттогаш патува низ светот.

Во текот на овие години објавила и автобиографска книга за своето неверојатно искуство.

Вечестер Ли, или како што ја нарекуваат светските медиуми „Мама Ли“, го изгубила сопругот во 1997 година од рак, а кога останала сама, одлучила да го исполни ветувањето што му го дала на смртната постела: „Ништо нема да ме спречи да крстарам низ светот!“

Ли токму тоа и го направила. Го продала сиот имот и одлучила да се пресели на луксузен крузер, патувајќи без прекин, и така посетила стотици различни земји низ светот.

Меѓутоа, Мама Ли не е сама на тоа патување. Ја следат голем број помошници кои се грижат за неа деноноќно. Цената на овој неверојатен пакет (патување, кабина и послуга) изнесува неверојатни 160.000 долари годишно!

И покрај тоа, Ли смета дека парите не се важни со оглед на тоа каков квалитет на животот има сега. Сега Мама Ли станала маскота на овој крузер. Таа го дочекува секој нов патник на луксузниот крузер, секоја вечер танцува со нив, сето тоа во спомен на нејзиниот починат сопруг со кого крстарела дури 89 пати, пред да ги раздели смртта.

Животните трошоци се скапи, но вреди секоја пара потрошена на живот со полни гради. А токму тоа го напишала Ли во својата книга која станала бестселер.

„Можеби сум бездомничка, но треба да ја видите мојата јахта!“

Познато е дека на истиот крузер живеат уште три жени, пензионерки, кои ги поминуваат деновите исто како Ли.

Мама Ли со своето семејство се слуша преку Фејсбук, а досега го преминала Панамскиот канал 50 пати, била на повеќе од 200 крстарења и видела места за кои повеќето луѓе никогаш не чуле ни дека постојат.

Погледнете ја нејзината животна приказна во следново видео…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.