И тоа е остеопороза, да ги намалиме болките кај пациентите

По повод светскиот ден на остеопорозата, се одржа стручна работилница со наслов Остеопороза – Колку е раскажана нашата приказна?

Остеопорозата е хронично, системско и прогресивно пореметување на коскениот состав, карактеризиранo со намалување накоскената  црвстина, што олеснува настанување на таканаречено нискоенергетски (остеопоротични) скршеници при мал удар или паѓање.

По повод светскиот ден на остеопорозата, се одржа стручна работилница со наслов Остеопороза – Колку е раскажана нашата приказна?, под мотото „И тоа е остеопороза!“, организирана од здружението на општи лекари од Охрид, со цел да се унапреди професионалната компетенција на лекарите за остеопорозата и да се развие поширока и потемелна дискусија за актуелните проблеми поврзани со дијагноза и третман на ова заболување.

„20-ти октомври е светски ден за борба против остеопорозата, па целиот месец Македонското Здружение за остеопороза поттикнува и организира активности со цел зголемување на свесноста за оваа тивка епидемија на современиот свет која ја погодува вонглавно популацијата постара од 50 години и тоа особено жените. Овој месец, Македонско здружение за остеопороза ќе организира повеќе предавања и настапувања во јавните медиуми за остеопорозата“, вели Д-р Снежана Марковиќ, проф. д-р сци. ендокринолог – Универзитетската клиника за Ендокринологија во Скопје и претседател на Македонско здружение за остеопороза.

Според неа проценката е дека во Македонија има околу 80 000 пациенти со остеопороза или остеопениа според податоци од надворешни извори.

„ДЕКСА е здружение на лекари кои се занимаваат со дијагностика и терапија на остеопороза. Нашата главна цел е лекување на што поголем број на пациенти од остеопороза и со тоа намалување на нејзините најтешки последици – скршениците. Особено тешки се скршениците на колкот и прешлените кои доведуваат до инвалидност кај пациентите, а кај голем број предизвикуваат смрт. Со спречувањето да дојде до скршеници го подобруваме и продолжуваме животот на нашите пациенти, а истовремено во здравствениот систем се заштедуваат средства“, истакнува д-р Марта Фотева, сци. ортопед – Универзитетска клиника за Ортопедија, Скопје, претседател на Македонска асоцијација за применета дензитометрија – ДЕКСА.

Според М-р. Сци. Мед. Д-р. Мимоза Николовска Котевска, претседател на Македонска ревматолошка асоцијација – МААР, недостатокот на витамин Д е многу честа појава и се јавува кај 30% до 50% од општата популација и дури кај 80%  кај повозрасните луѓе. Oстеоартритисот (ОA) е најчеста форма на хронично мускулоскелетно заболување со сериозни економски, социјални и психолошки последици.

„Со цел да се види дали ниските вредности на витамин Д влијаат врз појава на симптоми и структурни промени типични за ОА, на клиниката за ревматологија е направено испитување на пациенти со остеоартритис на коленото. Резултатите на оваа мала студија укажуваат дека колку се пониски вредностите на витамин Д во крвта толку е посилна болката во коленото и е намалена неговата функција. Ова е важно за пациентите бидејќи, со употреба на препарати на витамин Д, би можеле да се намалат зглобните болки и би се олеснало движењето на колената со што би се подобрил квалитетот на животот на пациентите“, вели таа.

Д-р Лилјана Котлар, сци. интернист – Општа Болница Охрид и претседател на Здружение на Лекари од Охрид објаснува дека  целта на оваа стручна активност е едукација на лекарите за клиниките како и економските аспекти на остеопорозата и остеоартритисот, како навремено да ги дијагностицираат и лекуваат, но и како да ги превенираат овие заболувања кои водат до траен инвалидитет и често до смртен исход.

„Остеопорозата е растечки глобален здравствен проблем насекаде во светот, а остеопоротичните скршеници се многу чести и се јавуваат кај една од три жени и еден од пет мажи на возраст над 50г. Тоа налага подигнување на јавната свест кај сите здравствени лица, пациенти и кај целата популација за превенцијата на овие заболувања и нивните компликации“, објаснува Котлар.

Според Љупчо Шајновски, М-р фарм. – директор на Pharmanova, како поддржувач на активностите за подигање на свесноста за остеопорозата и професионализмот во менаџментот на ова заболување. Во коскениот систем на човекот, во тек на целиот живот се одвиваат многу интензивни процеси на „замена“ на старото коскено ткиво со ново, за коската да се одржи цврста. Меѓутоа, во тек на периодот на стареење, тој процес се забавува, односно разградбата на коските е побрза и коската станува послаба. Таа состојба е позната како остеопенија. Доколку продолжи пропаѓањето на коскеното ткиво, коската станува шупликава и подложна на кршење, односно доаѓа до заболување кое го нарекуваме остеопороза.

„Многу е важно за сите лица кои имаат остеопенија на време да почнат да применуваат препарати кои можат да го спречат или значително да го одложат развојот на остеопорозата. Тоа првенствено се однесува на калциумот и витаминот Д3. Калциумот е еден од основните градивни состојки на коските, а витаминот Д3 помага за неговото вградување во коските. Сепак можно е калциумот кој не се вградил во коските да се таложи во крвните садови каде создава калцификати кои доведуваат до старење ина крвните садови и претставуваат сериозен фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања“, објаснува тој.

Шајновски тврди дека едно од најголемите откритија во последните десетина години во оваа област, претставува откривањето на витаминот К2 што е неопходен за внесениот калциум правилно да се искористи во организмот. Со други зборови витаминот К ги активира материите кои овозможуваат врзување и отстранување на калциумот од крвните садови и негово вградување во коската. Остео К2 содржи оптимални количини калциум, витамин Д3 и витамин К2 за здрави коски и кардиоваскуларен систем.

Се смета дека 200 милиони луѓе во светот боледуваат од остеопороза. Секоја втора жена и секој 8 маж над 50 години има ризик за остеопороза, а 1 од три жени и 1 од 8 мажи ИМААТ остеопороза над 50 година од животот. Секои 30 секунди настанува по една остеопоротична скршеница во Европа. Како старосната граница се поместува нагоре ( се очекува да до 2025 година бројот на жители на земјата ќе се дуплира), се е поголем бројот на оваа категорија луѓе.

Заболувањето станува се помасовно, со огромен број последици кои водат до здравствени но и социоекономски проблеми (Европа лекувањето на дирекните и индирекните последици од остеопорозата 2003 година ја чинело 32 милијарди евра).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.