Ова е најголемата грешка што ви ја блокира среќата: Еве што треба да направите за да го промените животот од корен!

Техника на Екарт Тол

Екарт Тол открива како да ги решите проблемите во животот – почнете од мислите, за да расчистите сé

Кога во животот ќе се појават проблеми и препреки, првото нешто што го правиме повеќето од нас е упаѓање во вител од мисли. Во тие мигови, тие најчесто се негативни и опсесивни, нé оптоваруваат, предизвикуваат анксиозност и стрес. Таквите мисли воопшто не можат да ни помогнат, туку само нé блокираат и нé држат во место.

Писателот Екарт Тол, авторот на бестселерот „Моќта на сегашниот момент“, истакнува дека оваа грешка што многумина од нас ја прават не донесува ништо добро, а зема многу.

„Размислувајќи, не ги решавате проблемите, туку ги создавате. Решението секогаш се појавува кога ќе престанете со размислување и ќе влезете во состојба на тишина и апсолутна присутност, барем само за миг. Тогаш, малку подоцна кога ќе ви се врати мислата, одеднаш се појавува креативниот увид што не постоел претходно. Престанете да размислувате премногу, па ќе видите како ќе се смени сé околу вас“, објаснил Екарт Тол.

Следен пат кога ќе ве „нападнат“ негативни мисли, одлучете да се осамите, да се изолирате во тишина, да ги затворите очите и визуализирајте како сите оптоварувачки мисли си заминуваат од вас. Освестете се дека сте во сегашниот момент, дека повеќе не е важно што се случило, но и дека не постои страв од тоа што ќе се случи. Вие сте СЕГА и ТУКА, мирни, слободни, растоварени! По таквото искуство, како што вели Екарт Тол, ќе се појават креативните увиди што можат да ви помогнат да го решите секој проблем, да ги надминете препреките и да го промените животот на подобро.

„Ако сакате да сфатите што навистина е ваше, откажете се од сé и тоа што е ваше ќе остане со вас. Кога ќе го отфрлите очекувањето дека некој човек, ситуација, место или предмет ќе ве задоволи, полесно ќе ви биде да бидете присутни во сегашниот момент, бидејќи повеќе нема да го чекате следниот момент“, рекол Екарт Тол.

3 најголеми животни заблуди: Ако верувате во ова, никогаш нема да постигнете ништо во животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.