„Заедно сме два месеци, маркетинг од тој тип не е потребен“: Исак и Александра ја потврдиле врската! (ФОТО)

Гулапчиња!

Пејачката Александра Младеновиќ и нејзиниот колега Исак Шабановиќ ја потврдија врската и како истакнуваат, тие веќе два месеци се заедно.

Пејачот за српскиот портал „Телеграф“ ја потврдил врската и истакнал дека не сака да добива пулицитет на сметка на врската.

„Точно е, јас и Александра сме заедно веќе два месеци. Двајцата сме јавни личности и знаеме дека публиката ја интересира се за нашите животи, но не сакавме на сметка на нашата врска да добиваме додатен простор во медиумите. Нашите кариери се одвоени, а јас не сум навикнат да го кажувам за мојот приватен живот – започнал Шабановиќ и додал:

„Бидејќи веќе не фотографираа заедно, можам да кажам дека нас ни е многу убаво, сјајно се согласуваме, уживаме, заљубени сме и среќни. Јас за десет дена ја објавувам новата песна и ова не е направено поради маркетинг, бидејќи навистина не ми треба таков маркетинг – рекол Исак.

Дека се во врска потврдила и пејачката Александра за српскиот весник „Курир“.

„Кога веќе не сликале, нема што да криеме. Два месеци сме заедно и убаво ни е“ – рекла кусо таа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.