Официјално најсреќниот човек на светот открил како го постигнал тоа: Една промена е доволна за да бидете многу порелаксирани!

Прочитајте

Научниците му го проучувале мозокот на Матје Рикар 12 години и врз основа на истражувањето заклучиле дека тој е најсреќниот човек на светот

Матје Рикар (76) официјално е прогласен за најсреќниот човек на светот откако неговиот мозок бил предмет на истражување повеќе од една деценија, предводено од страна на Ричард Дејвидсон, невронаучник од Универзитетот во Висконсин. Сега овој тибетски будистички монах, писател, преведувач и фотограф со потекло од Франција, открива дека ритуал од само 15 минути е тајната на неговата среќа.

Како изгледало истражувањето?

Имено, Дејвидсон ја поврзал главата на Рикар со 256 сензори и открил дека кога Матје медитира, неговиот ум е необично опуштен. Од друга страна, Рикар истакнала дека сака да медитира, понекогаш и по цел ден, но смета дека неговата титула „најсреќен човек“, што секој човек на планетата би ја посакал, е преувеличена во медиумите.

Сепак, будистичкиот монах многу отворено зборувал на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија за тоа што е среќа за него и како тој ја разбира, давајќи им насоки на луѓето како да бидат посреќни во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthieu Ricard (@matthieu_ricard)

Советот на Рикар за тоа како да се биде среќен се сведува на алтруизмот, односно на несебичното однесување. Според него, секојдневното размислување за себе и за тоа како да се подобри нешто е многу исцрпувачко и стресно, што на крајот буди незадоволство во нас и се чувствуваме несреќно.

„Тоа не е морална основа. Едноставно, ако по цел ден мислите само на себе, тоа многу гуши. И тоа е прилично очајно, бидејќи го инструментализирате целиот свет како закана или како потенцијален интерес за себе“, истакнал Рикар.

Матје нагласува дека ако некој навистина сака да биде среќен, би требало да се труди да биде добронамерен, поради што самиот ќе се чувствува подобро, но и на другите ќе им биде многу поубаво. Исто така, предупредува дека тоа не значи дека треба да им дозволиме на другите да нè искористуваат. Најдобрата мера е да се трудиме да бидеме љубезни во рамките на разумното.

Погледнете каде е Македонија на листата на најсреќни луѓе во светот, убедливо прво место за жителите на Финска!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.