По смртта на ќерка ѝ, секоја вечер го сонувала ОВА: Мислела дека полудела, а потоа останала бремена на 57 години

На прагот на седмата деценија

Барбара од околината на Бостон останала бремена на 57 години и родила живо и здраво бебе, а за време на бременоста била физички активна и вежбала

Брачна двојка од околината на Бостон доживеала вистинско чудо по големата трагедија што им се случила. Имено, Барбара и Кени ја изгубиле ќерка им кога имала 13 години, откако се разболела од рак на мозокот.

По смртта на ќерка им биле скршени и очајни, а Барбара сонувала за друго дете.

„Почнав да сонувам дека сакам да имам дете, мислев дека сум луда“, рекла Барбара, па додала:

„Соништата почнаа кратко по смртта на ќерка ми Моли, па мислев дека тоа е само реакција на траумата и шокот. Но соништата постојано се појавува и се вртеа околу процесот на породување, а понекогаш некој глас во нив ме викаше ‘мама’.“

Барбара почнала интензивно да размислува за последиците од породувањето на тие години, но набрзо сфатила дека никој од нас не може да биде сигурен за времето што го имаме на оваа Земја.

„Никој не може да роди бебе и точно да знае дека ќе го гледа како расте. Не знам каде ќе бидам за десет години, но дали знаете вие?“, рекла таа.

Набрзо нашле клиника што им помогнала во реализацијата на најголемата желба. Барбара останала бремена на 57 години.

„Ги победивме сите. Многу сум горд на неа, беше толку силна за време на сето ова“, рекол Кени.

Многумина негативно коментирале за тоа што Барбара решила да забремени на прагот од седмата деценија, но и покрај тоа, таа не се откажала од своите желби.

„Мислам дека мене ми е всушност полесно. Немам толку големи очекувања. Не сум загрижена за тоа што другите го зборуваат и мислат“, рекла таа.

Лекарите истакнале дека Барбара одлично ја поднела бременоста поради своето здравје, како и поради добрите гени. Вежбала сè до породувањето, а потоа на свет донела здраво момче.

На сликата од ултразвукот забележала дека некој го бакнува нејзиното бебе: Потоа следувало вистинско изненадување!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.