На сликата од ултразвукот забележала дека некој го бакнува нејзиното бебе: Потоа следувало вистинско изненадување!

Неверојатно

Трудница се изненадила кога внимателно ја погледнала сликата од своето бебе од ултразвукот

Шантел Карило од Калифорнија била во петтиот месец од бременоста. Едвај чекала да ја види сликата од ултразвукот, бидејќи чувствувала дека ќе биде посебна. И навистина била.

Откако ја споделила сликата на социјалните мрежи, трудницата од Сан Диего здогледала детаљ што ја трогнал.

Некој од нејзините пријатели на Фејсбук забележал сенка која изгледа како некој да го бакнува бебето. И не, тоа не било кој било. Кога Шантел погледнала малку подобро, сфатила дека таа сенка од ултразвукот изгледа како лицето на нејзиниот покоен татко.

„Најдов фотографија од татко ми на која на истиот начин ја гледа мојата прва ќерка. Ја споредив сликата со онаа од ултразвукот и забележав дека многу се слични. Го видов неговиот нос, образите, обликот на брадата, качкетот“, рекла Шантел.

Татко ѝ ненадејно починал во 2016 година. Шантел била негово единствено дете, а првата ќерка на Шантел била неговата единствена внука.

Младата мајка вели дека татко ѝ сигурно би бил многу среќен кога би слушнал дека ќе добие уште една внука.

„Стара баба, што ќе ти е бебе?“: 51-годишна трудница се соочила со остри коментари затоа што сака да роди трето дете! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.