Бившиот го изневерила со 20 љубовници, а сега се оперирала поради сопругот: Нејзиното слабо тело и пластично лице ја плашат јавноста

Погледнете како изгледа

Пејачката Рита Ора изгледа сè понеприродно откако се омажи, а многумина се прашуваат што се случува со неа

Пејачката Рита Ора е една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата и иако долго беше позната како жена со природни облини и со многу бурен љубовен живот, откако се омажи за новозеландскиот режисер и оскаровец Таикa Вајтити, сè се промени во нејзиниот живот.

Имено, пејачката со месеци го привлекува вниманието на јавноста со драстично послабиот изглед, кој станува сè поекстремен. Уште летоска се пофали со совршените стомачни мускули, но би се рекло дека сега од нив не останало ништо и дека пејачката е во сè полоша состојба.

Уште една голема промена во физичкиот изглед на Рита се забележува и на нејзиното лице, кое станува сè попластично и оперирано.

Како што стојат работите, Рита неодамна направила операција за преобликување на брадата и вилицата, станала зависна и од хијалуронските филери. Сега со сопругот се појавила на МТВ-доделувањето награди во Германија, каде што ја шокирала јавноста со затегнатото лице, кое е едвај препознатливо.

Рита изгледала како мускулите на лицето да ѝ се тотално замрзнати, а многумина го споредиле нејзиниот изглед и мимика со изгледот на Џенет Џексон, кралицата на претераните пластични операции.

Обожавателите се многу загрижени за Рита и сметаат дека нејзиниот нов сопруг не влијае добро врз неа.

Да се потсетиме, Рита ја бие глас како жена што обожава да флертува, дури и со зафатени момци, сè уште се сеќаваме на тоа кога ја „распнаа“ поради дружбата со зафатениот ММА борач Конор Мекгрегор, со кого подоцна ја продолжила забавата во ноќен клуб, додека неговата сопруга не била никаде во близина.

Исто така, своевремено се зборуваше дека и Никол Кидман е љубоморна на неа поради сопругот Кит Урбан и нивната соработка во шоуто The Voice Australia.

Сепак, најголемо внимание привлекле нејзините два поранешни романтични односи. Една од најпознатите врски на Рита беше онаа со Роб Кардашијан. Рита и братот на популарните сестри имаа ужасно раскинување. Роб јавно кажа дека Рита го изневерила со повеќе од 20 мажи и дека тоа ѝ пресудило на нивната љубов по само неколку месеци.

Покрај тоа, во септември се откри дека летува, патува и живее одвоено од сопругот, под изговорот дека сака да му недостига кога ја нема. Поради тоа, многумина се сомневаат дека новиот брак на оваа двојка не функционира баш најдобро. За сега сигурно е само тоа дека Рита е непрепознатлива и дека тоа на многумина не им се допаѓа.

Погледнете како изгледаше Рита пред операциите и губењето килограми.

Откако се омажи, Рита Ора никогаш подобро не изгледала: Сите паѓаат на оваа Албанка, а маж и` нигде го нема
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.