„Никогаш не се расправај со идиот, ќе те повлече на дното и ќе те докрајчи со искуството“: Иронични цитати на Марк Твен

Мудри мисли

„Танцувај како никој да не те гледа. Пеј како никој да не те слуша. Љуби како никогаш да не те изневериле и живеј како рајот да е на земјата.“

Марк Твен иронично зборувал за својата работа, а неговите афоризми и денес се применливи. Прочитајте некои од нив.

1. „Ако прифатиш прегладнет пес и го нахраниш, тој нема да те касне. Тоа е разликата меѓу кучето и човекот.“

2. „Човекот е најискрен кога признава дека е лажго.“

3. „Човек што не чита добри книги нема никакви предности над човекот што воопшто не знае да чита.“

4. „Човечката раса има само едно навистина ефективно оружје – насмевката.“

5. „Ако немаш што да кажеш, тогаш немој ништо да зборуваш.“

6. „Улогата на пријателот е да биде покрај вас кога грешите. Кога сте во право, сите ќе бидат покрај вас.“

7. „Одбегнувајте ги оние што ги омаловажуваат вашите амбиции. Тоа го прават само малите луѓе, додека вистинските луѓе во вас ќе го будат чувството дека и вие можете да станете големи.“

8. „Не дозволувајте школувањето да ја попречи вашата едукација.“

9. „Прекрасно е тоа што ја откриле Америка, но уште подобро ќе беше да ја утнеле.“

10. „Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат.“

11. „Животот би ни бил неизмерно посреќен кога би можеле да се родиме со 80 години, па да и’ се приближуваме на осумнаесеттата.

12. „Штом откриете дека сте на страната на мнозинството, веднаш мора да сторите нешто со себе.“

13. „Не постои потажна глетка од онаа на млад песимист.“

14. „Многу внимателно читајте ги книгите за здравје. Може да умрете поради печатна грешка.“

15. „За да успеете во животот потребни ви се две работи: игнорирање и самодоверба.“

16. „Единствен начин да бидете здрави е да го јадете она што не ви се допаѓа, да го пиете она што не ви се пие и да го правите она што не ви се прави.“

17. „Не постои ништо поиритантно од добар пример.“

18. „Подобро е да молчите и да изгледате како будала, отколку да проговорите па да потврдите дека сте будала.“

19. „Никогаш не се расправајте со идиоти. Тие ќе ве спуштат на свое ниво, па ќе ве докрајчат со своето искуство.“

20. „Сум видел луѓе што едвај се смениле за 30 години, но нивните жени станале старици. Сите тие беа чесни жени, а чесноста многу трпи.“

21. „Ги обожаваме луѓето што во лице ни кажуваат што мислат, под услов да  мислат исто како нас.“

22. „Никогаш не оставајте нешто за утре, кога можете истото тоа да го одложите за задутре.“

23. „Ајде да живееме така што утре и гробарот ќе тажи што сме умреле.“

24. „Танцувај како никој да не те гледа. Пеј како никој да не те слуша. Љуби како никогаш да не си бил изневерен и живеј како рајот да е на земјата.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.