Сите зборуваат за тоа како Бијонсе ѝ се умилкувала на Меган: Љубов на прв поглед! (ФОТО, ВИДЕО)

Се обожаваат!

Меѓусебното обожавање било очигледно

Поп-ѕвездата Бијонсе на филмската премиера на „Кралот лав“ се сретнала со Меган Маркл и во таа пригода ја нарекла своја „принцеза“, открил човек задолжен за читање од усни.

Бијонсе (37) ја поздравила Меган со зборовите: „Здраво, моја принцезо!“

Се верува дека ова е првата средба на двете жени, бидејќи тие досега не се познавале, иако Бијонсе во неколку пригоди јасно ја искажувала својот наклонетост кон војвотката од Сасекс.

Пејачката и нејзиниот сопруг Џеј Зи, на младиот пар од кралското семејство му дале и совет за родителство:

Секогаш најдете време за себе.“

Човекот задолжен за читање од усни открил и дека Бијонсе ѝ кажала на Меган дека нејзиниот син Арчи е многу убав, а војвотката срдечно ги прегрнала Бијонсе и Џеј Зи.

Изгледа дека пламнало такво обожавање и љубов што не може ни да се опише со зборови. Погледнете ги фотографиите па проценете сами…

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.