Моќни мантри што ќе ја направат 2022 година најдобрата досега: Сè што сакате ќе ви се оствари ако го изговорите ОВА!

Рецепт за среќа

Секој ден започнете го со овие зборови и ќе видите како животот ќе ви се смени од корен, бидејќи какви ви се мислите, таков ќе ви биде и животот

Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидени околности одредува дали ќе бидете херој или жртва на сопствениот живот.

Одлуката да бидете херој на својот живот значи да ги поставувате точните прашања и да наоѓате решенија, а не да се сожалувате себеси или да обвинувате некој друг. Овие мантри ќе ве потсетат дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот и благосостојбата се во ваши раце.

Започнете го секое утро со овие мантри и ќе видите како погледот кон светот, а на крајот и самиот живот, ќе ви се променат на подобро…

1. Ќе барам и ќе гледам убавина насекаде околу мене

Многу е важно да се препознае убавината. За среќа, таа е насекаде околу нас. Постои естетска убавина на луѓето, архитектурата, уметноста и природата. Постои и убавина во човечкото однесување, силата, па дури и слабоста. Кога ги вежбаме очите да ја гледаат убавината, треба да ја научиме разликата помеѓу гледањето и согледувањето. Всушност, кога ги набљудуваме работите со отворен ум, дури и во најгрдите и најнепријатните работи можеме да пронајдеме убавина.

2. Ќе си дозволам да ми се случат убави работи и да ми пристигне изобилие

Ако останеме отворени, универзумот е полн со енергија што само чека да протече низ нас. Сè што треба да направиме е да бидеме духовно отворени. Што повеќе им се отвориме на позитивната енергија и духовното изобилие толку посреќни ќе бидеме. Изреката „како зрачиме така привлекуваме“ многупати се покажала вистинита.

3. Ќе се занимавам исклучиво со мислите и емоциите што ми помагаат да се развивам

Не можеме духовно да растеме ако си дозволиме себеси да заглавиме со непродуктивни мисли и емоции. Оваа мантра треба да ја повторуваме за да се потсетиме дека треба да му се посветиме на препознавањето негативни мисли и чувства и да се фокусираме на позитивните емоции.

Мантри и афирмации кои ќе ви помогнат полесно да се справите со негативните емоции
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.