Овие намирници го уништуваат панкреасот: Под итно исфрлете ги од исхраната!

Внимателно одбирајте што јадете

Ако ја јадете често, оваа храна може да го уништи овој орган

Во споредба со минатите 10 години, воспаленијата на панкреасот и другите видови нарушувања на работата на овој орган сега се појавуваат три пати почесто.

Најчестата причина е лошиот избор на храна, вели ендокринологот Марија Колацо-Клевел.

Се напоменува дека луѓето на возраст помеѓу 20 и 40 години се изложени на најголем ризик од заболување на панкреасот. Храната што е богата со јаглехидрати и масти е најлошиот избор и неповолно влијае врз овој орган. Во голем број случаи доведува до компликации, па затоа неопходно е оваа храна потполно да ја исфрлите од исхраната или барем да ја сведете на минимум.

Докторката навела и кои намирници се „смрт“ за панкреасот:

„Намирниците што содржат транс-масти, бои и конзерванси, јадења со голема количина на масти и брзи јаглехидрати, полупроизводи, печива, газирани пијалаци и благи работи, порано или подоцна можат да предизвикаат воспалително заболување на панкреасот – панкреатитис“, предупредила таа.

Најчести симптоми на панкреатитис:
  • тежина во стомакот
  • мачнина
  • нарушување на столицата
  • подуеност
  • болка во горните делови и во десниот хипохондриум (делот од телото под ребрата, каде што се црниот дроб, желудникот и слезината)

Доктор Марија напоменала дека овие знаци се забележуваат и кај други болести. А прекумерната тежина, неурамнотежената исхрана, пушењето и претераната консумација на алкохол се најголемите ризични фактори за панкреатитис.

Додава и дека доколку забележите некои од овие симптоми, никако не треба да се лекувате на своја рака, туку да одите на лекар за детална анализа.

Најтешко се открива рак на панкреас: Ова се најраните знаци дека оваа опасна болест го уништува телото!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.