Мишел Обама откри дека дури неколку пати посакала да го турне Барак Обама низ прозорецот
Подеми и падови за време на 28-годишниот брак
Поранешната прва дама на САД Мишел Обама упати важна порака до сите млади луѓе на планетета кои допрва треба да запливаат во брачните води. По повод 28-годишнината од бракот со поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел зборувала за тоа колку треба да се вложи во една врска за истата да трае долго време.
Таа раскажала за нивните брачни подеми и падови што ги доживеале во изминатите 28 години.
Имаше моменти кога сакав да го фрлам Барак од прозорецот. Чувствата беа толку интензивни. Но тоа не значи дека сакав да го напуштам. Тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години – истакна Мишел Обама.
View this post on Instagram
Таа им поделила совети и на генерациите кои не се толку отворени за проблемите во бракот.
Младите брачни парови се соочуваат со предизвици и подготвени се да се откажат затоа што мислат дека се скршени. И со тоа сакам да кажам дека и јас и Барак неколкупати бевме скршени. Ако во тие тешки моменти се оддалечував од него, сега би ми недостигала сета оваа убавина која ја уживам – рекла Мишел.
Фото: Инстаграм