Запознајте ја постарата сестра на Меланија Трамп, која се „крие“ од јавноста (ФОТО)

Како ви изгледа Инес?

Живее во двособен стан во Њујорк, кој е во сопственост на организацијата на Трамп, и се занимава со уметност.

Додека нејзиниот сопруг ги извршува претседателските должности, првата дама на Америка, Меланија Трамп, сè  повеќе се дружи со својатасестра Инес Кнаус, која живее во Њујорк.

За сестрата на Меланија не се познати многу детали од нејзиниот живот во јавноста, само дека живее во двособен стан во Њујорк, кој што е во сопственост на организацијата на Трамп и дека е уметница.

Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна и креативна личност“ – изјавила Одри Грус, филантропка од Палм Бич.

Инес со јавноста комуницира само преку својот фејсбук-профил, на кој што повеќе зборува за својата сестра отколку за себе.

И дветеја напуштиле Словенија и заминале во Милано, каде што Меланија работела како манекенка, а Инес се обидувала да се пробие како модна дизајнерка.

Инес не е како другите девојки кои што се однесуваат како кралици. Таа навистина е љубезна и зрела“– раскажал фотограф од Париз.

 

 

View this post on Instagram

 

📷 by #sister Melania on mom’s 50 b day in July 1995

A post shared by ines knauss (@inesknauss2018) on


Инаку, Инес е заштитнички поставена кон својата помлада сестра, па жестоко застанала во нејзина одбрана кога се појавиле информации за мажот со кој што Меланија била во љубовна врска, пренесува „Њујорк пост“.

Фото: Инстаграм

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.