Момче креирало и сошило матурски фустан за сестра му, бидејќи родителите немале пари да ѝ купат: Трудот се исплател! (ФОТО)

Благородно

Сепак се случуваат убави нешта

Родителите не можат да си дозволат да купат матурски фустан за нивната ќерка. Немале пари ни да изнајмат фустан за овој настан. Меѓутоа, кога ја видел својата сестра тажна, Маверик Франциско Оја одлучил да ѝ направи фустан од материјал што можел да го купи.

Сето тоа започнало кога училиштето најавило матурска вечер, а многу родители не можеле да изнајмат или да им купат фустани на своите ќерки. Но сестрата на Маверик имала среќа, бидејќи нејзе брат ѝ ѝ направил фустан!

Маверик самиот го дизајнирал фустанот, побарал достапни материјали и со помош на јутјуб-видеа, но и инспириран од пролетната колекција на Мајкл Чинк, создал вистинска магија.

„Не знаев од каде да почнам. Прво направив здолниште така што го исеков материјалот на девет дела. Бидејќи немаше место дома, здолништето го составував надвор. Потоа направив омбре корсет, а потоа и ракави како крилја на пеперутка што го направија фустанот посебен.

Работев секој ден кога ќе се вратев од училиште. Понекогаш мислев дека нема да успеам да завршам сè навреме, но на крајот трудот се исплатеше“, раскажува овој неверојатен младич.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.