Денеска се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19.

Новите случаи на Ковид-19 се во:

  • Скопје-9
  • Дебар-1
  • Прилеп-5
  • Тетово-3
  • Гостивар-1
  • Гевгелија-12 (странски државјани)
  • Струмица-1
  • Радовиш-1
  • Кочани-1
  • Пробиштип-1
  • Делчево-1
  • Кратово-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127,  бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.