Маја Маск има 72 години, а изгледа како да има 30: Само една навика е заслужна за нејзиниот совршен изглед!

Жена што инспирира

Маја Маск денес е една од најстарите моделки на модната сцена, но и на 72 години воодушевува со изгледот, па често се наоѓа на насловните страници на најпрестижните магазини

Денес, во 72-та година од животот, Маја Маск, манекенка и нутриционистка, мајка на милијардерот Елон Маск, живее живот каков што отсекогаш посакувала, но патот што го поминала за да стигне до него не бил воопшто лесен и едноставен.

Пребродила многу животни тешкотии, злоупотребување, тежок развод и успешна воспитала три деца. Меѓу нејзините најголеми успеси, а ги има навистина многу, спаѓа и фактот што во 2017 година стана највозрасното заштитно лице во историјата на една козметичка куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

„Не можете да контролирате се’ што се случува, но животот што го сакате можете да го создадете на кои било години. Треба само да направите план“, порачува Маја.

Она за што многумина и’ завидуваат е нејзиниот совршен изглед. Иако ја гази осмата деценија, таа има тело како да има 30 години. Се води според овие правила и никогаш не ги прекршува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

1. Направете распоред

Јадете тогаш кога сте гладни, но не чекајте да огладнете премногу, бидејќи така ќе го спречите преједувањето. Таа по појадокот обично огладнува околу пладне, па затоа јаде пола од ручекот.

2. Јадете го само она што го сакате

Ако не ви се допаѓа вкусот, не јадете го тоа без разлика колку е здраво. Поентата е да уживате во храната, но умерено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

3. Дозволете си да се опуштите одвреме-навреме

Кога нејзиниот син отворил ресторан, знаела дека на тоа отворање ќе јаде повеќе од вообичаено, но затоа следниот ден сите оброци двојно ги намалила. Важен е балансот.

4. Радувајте му се на животот

Не исцрпувајте се со тренинзи и не јадете храна во која не уживате. Се’ во животот треба да биде умерено. Кога го јадете она што го сакате, тогаш ќе бидете расположени. Но доброто расположение сегледа на лицето и на телото. Само задоволната жена може да изгледа добро.

Кога тие зборуваат, ние слушаме: Неколку стилски лекции од најинтересните жени на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.