Напад на паника
Πознатата манекенка и ријалити-sвезда Кендал Џенер (25), која ја краси насловната страница на магазинот „Вог Хонгконг“, во интервјуто за популарното списание откри дека во раното детство се соочила со смртта, мислејќи дека умира.
Имено, супермоделката раскажа дека на 8-годишна возраст почувствувала напад на анскиозност, но во тоа време не разбирала што ѝ се случува.
Се сеќавам дека бев навистина мала, можеби имав 8, 9 или 10 години, отежнато дишев и имав чувство дека не можам да земам здив, па трчав кај мајка ми за да ми помогне“, се присети Џенер за „Вог“.
Откри дека како што напредувала нејзината кариера, нејзината анксиозност се влошувала.
View this post on Instagram
Мислам дека прекумерната работа ме исфрли од контрола“, вели Кендал, и додава:
View this post on Instagram
Понекогаш чувствувам дека треба итно да ме однесат во болница, бидејќи мислам дека срцето ми откажува, не можам да дишам и ми треба некој да ми помогне. Понекогаш мислам дека умирам“, искрена е манекенката.
View this post on Instagram
Анксиозноста не избира дали си богат или не, туку дали си осетлив да заболиш од неа“, заклучи таа.
Фото: Инстаграм