Еве каде се крие Мелинда по веста за разводот со Бил Гејтс (ВИДЕО)

Бегство на висока нога!

Блазе си ѝ, би додале ние!

По веста дека Мелинда и Бил Гејтс одлучиле да се разведат по 27 години брак, се’ уште актуелната госпоѓа Гејтс одлучила да се повлече во медиумска изолација, а новинарите пренесуваат дека за таа цел изнајмила приватен остров на кој едно ноќевање чини 132.000 долари.

Според написите во американските медиуми, Мелинда го изнајмила островот Каливигни, кој се протега на површина од 80 хектари и на гостите им нуди 25 луксузни апартмани и викендичка. Инаку, островот е оддалечен пет минути возење со број од Гренада.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.