„Карпата“ сподели видеоснимка со која ги воодушеви своите обожаватели (ВИДЕО)
Ритуал со ќеркичката
Двејн Џонсон, познат како „Карпа“ (Rock), ги воодушеви следбениците на Инстаграм со објавеното видео, во кое и’ ги мие рацете на ќерка си, додека и’ заедно ја пеат рап-песната „You’re welcome“.
На крајот од видеото, актерот и малечката Тија им порачуваат на сите да останат здрави и безбедни, а фановите во коментарите го искажаа своето воодушевување.
Видео: Instagram, Getty Images