Кармата никогаш не спие: Ова се трите најскапи кармички долгови кои ќе мора да ги платите порано или подоцна!

Секогаш нè набљудува

Законите на кармата скапо чинат и не можете да ги одбегнете

Кармата е невидлива сила што не дозволува ни најдобро скриените лоши дела да ни поминат незабележано.

Многу луѓе веруваат дека човекот се раѓа со своја карма која го следи од првиот до последниот ден од животот. Гледајте ја како некоја сила која апсолутно никогаш не спие и секогаш нè набљудува. Кармата не ги памети само вашите дела, туку и емоции.

Кармата гледа кога му љубоморите некому, кога некому му посакувате зло, кога мразите некого поради неговата среќа… Сето тоа се емоции што имаат фреквенција и кармата ги препознава. Некои кармички долгови брзо доаѓаат за наплата, додека некои доаѓаат подоцна.

Ова се некои од најскапите кармички долгови што нема да можете да ги одбегнете и ќе морате да ги платите порано или подоцна…

Навреда на родителите

Во многу психолошки и религиски написи се наведени причини зошто е важно да се биде добро дете на сопствените родители и зошто е важно да ги почитувате. Секако, постојат и многу лоши родители кои не заслужуваат ништо од нас. Но постојат и многу лоши деца кои не ги ценат и не ги почитуваат своите родители. Кармата не ги сака таквите односи. Ако навредите добар родител, кармичкиот долг е скап и тој подоцна ќе пристигне за наплата.

Навреда и предавство на личноста што ве сака

Секој човек што ќе ја изигра искрената љубов се наоѓа на црната листа на кармичките закони. Ако ја предадете личноста што ве сака и која ви посакува само добро, тоа е многу понижувачки и е нешто што кармата го наплаќа.

Неправедно обвинување

Кармата не сака лоши трачеви и не сака кога за човек се зборува лажно и неправедно. Додека на луѓето тоа им изгледа како забавна активност или шегување, кармата тоа го гледа со сериозни очи. Пред да трепнете би можеле да се најдете во ситуација во која вие ќе бидете клеветени и лажно обвинувани.

Кармата се грижи секој во животот да го добие она што го заслужува: Интелигентните луѓе се однесуваат вака кога некој ќе ги повреди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.