Новогодишни десерти што се прават за миг: 5 брзи рецепти во форма на елка!

Прекрасно и превкусно

Кому и да му ги послужите, ќе биде фасциниран

За вашата празнична трпеза оваа година да биде единствена и неодолива, ќе ви треба само малку слободно време.

Заборавете на стандардните десерти и пригответе вистинско хедонистичко задоволство за вашите домашни и гости.

Дали тоа ќе бидат неодоливи мафини, торта, пуслици што се топат во уста или овошен десерт, ваше е да одлучите, а ние ви нудиме 5 креативни идеи за десерти во форма на новогодишна елка, што ќе ве воодушеват како со изгледот, така и со вкусот.

Неодолива торта

Направете ја омилената, лесна торта по ваш избор, но направете ја тркалезна. Пресечете ја на триаголници, исечете ги краевите, а во средината ставете чоколадно стапче, така што секое парче ќе изгледа како мала елка. На крајот, секое парче засечете го од страните, така што ќе добиете облик на елка (но и не морате), па украсете го со шарени бонбончиња, за да се добие изглед на украсено божиќно дрво.

Празнични мафини

Замесете го тестото за омилените слатки мафини и испечете ги. Во духот на празниците, ставете ги во златни или црвени корпички. Изматете шлаг, додајте зелена прехранбена боја и со шприц направете форма на елка како на фотографијата. Украсете со малку ситни бонбончиња и со една ѕвездичка на врвот и сите ваши гости ќе бидат воодушевени.

Пуслица елка

Изматете две белки со 150 г шеќер и со лажиче лимонов сок. Пенесто изматете ги белките, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврст снег, додајте лимонов сок и матете уште малку. Додајте прехранбена зелена боја и со шприц формирајте елки. Сушете ги во рерна околу 60 минути на 130 степени. Кога ќе се испечат посипете ги со малку шеќер во прав за да добиете изглед на паднат снег, а на врвот ставете украсна снегулка или ѕвездичка.

Рецепт за најмеките новогодишни колачиња: Вака се прави кралска шеќерна глазура!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More