Капа долу: Кијану Ривс повторно воодушевил, а ова се неговите зборови што сите треба да ги запомниме! (ВИДЕО)

Прекрасен човек!

ФОТО: Profimedia

Го дал најубавиот и најдобриот можен одговор на едно од најтешките животни прашања

Актерот Кијану Ривс не само што успеал да одговори на едно од најтешките прашања на сите времиња, туку го направил тоа на начин што водителот на ток-шоуто „The Late Show“, Стивен Колбер, останал без текст.

Тие во петокот го претставиле филмот „Bill & Ted Face the Music“, долгоочекуваниот трети филм во франшизата.

„Соочени сте со сопствената смртност и смртноста на сето постоење“, изјавил во еден момент Ривс.

„Што мислиш, што се случува кога ќе умреме Кијану?“, гласело прашањето на водителот на емисијата.

Публиката се насмеала на неочекуваното длабоко прашање. Актерот од филмот „John Wick“ застанал, вдишал и издишал, а потоа го дал одговорот што никого не го оставил рамнодушен.

„Знам дека ќе им недостигаме на оние што не’ сакаат.“

Колбер и целата публика во емисијата останале без зборови. Додека публиката реагирала со колективно воодушевување, Колбер едноставно кажал „вау“, а потоа се ракувал со Ривс. Водителот молчел цели 10 секунди пред да го заврши сегментот.

Што друго да додадеме, освен секоја чест!

Можете да го погледнете интервјуто во следново видео…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.