Без глутен: Солен куглоф со зелје и семиња

Рецепт на Катерина Шамбевска Спасеновска од „Се' за храна“

Катерина ви приготви солен куглоф со нежен вкус и без глутен, приспособен на сите генерации

Ќе ви требаат околу 40 минути за да го приготвите овој вкусен куглоф со зелје и семиња, а повеќе вакви рецепти може да најдете на sezahrana.mk како и на инстаграм-профилот на Катерина @katerina.shambevska.

Состојки:

За куглоф

  • 3 средно големи јајца
  • 100 г бело сирење (младо или фета)
  • 250 мл јогурт
  • 75 г исчистено зелје
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3/4чаша пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажичечиа-семе
  • 2 лажици лупен сончоглед
  • 1 лажица семки од тиква

За печење и декорација

  • путер за премачкување на калапот по потреба
  • 1 лажичечиа-семе
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажица интегрален сусам
  • 1 лажиче ленено семе
  • 1 лажица семки од тиква
Приготвување:

1. Измијте го зелјето. Со ножотстранете ги тврдите стебленца од листовите и потоа исечкајте го на поситно.

2. Во поголем сад ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка.

3. Издробете го сирењето и додајте го во садот со јајцата. Додајте ги и маслото и јогуртот, па измешајте. Потоа, додајте го и претходно исечканото зелје.

4. Во друг сад измешајте ги сувите состојки. Ставете го прво брашното, па печивото, солта, чиа-семето, сончогледот и семките од тиква. Измешајте за да се распределат состојките.

5. Постепено и со постојано мешање додајте ги сувите состојки во садот со течните.

6. Додека го подготвувате калапот, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

7. Премачкајте го калапот за куглоф со путер по целата површина, а потоа распоредете ги семињата за декорација по неговата основа и на крајотсипете ја рамномерно смесата за печење.

8. Ставете го куглофот да се пече во загреаната рерна и намалете ја температурата на 180 степени. Печете околу 25 минути и оставете го куглофот 5 минути во исклучена рерна. Извадете го од рерната и покријте го со кујнска крпа. Исечете го на парчиња и уживајте во фантастичниот вкус со „Сé за храна“!

ФОТО: Катерина Шамбевска Спасеновска

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.