Како да се преболи „раскинувањето“ со најдобрата другарка?

Што нè научија бившите другарки...

Знаеме како е да се преболи раскинување со дечкото, тоа го апсолвиравме. Но како да се преболи раскинување со најдобрата другарка? Одлучивме да се позанимаваме со оваа тематика за да откриеме зошто некои луѓе заминуваат од нашиот живот…

Иако во 20-тите години од животот на дечко ми никогаш не му кажав „те сакам“, ним им кажав, и тоа многупати. И навистина го мислев тоа.

Како личноста што во одреден момент ти е најблиска на светот, наеднаш се претвора во комплетен странец? Некој што е во состојба да те повреди на незамислив начин? Размислувајќи дека зад тоа сигурно се крие некаква лекција, се фрлив на сецирање на бившите пријателства.

ПРИЈАТЕЛСТВО ШТО ГО НАДМИНАВМЕ И ДВЕТЕ

Старост: 7-31

Ема и јас бевме пријателки од детство и заедно израснавме. И за време на студиите бевме неразделни. Она што немаше да ѝ го раскажам исто како да не се случило. Излегувавме заедно, патувавме, се смеевме и плачевме. По завршување на факултетот, сега забележувам во ретроспектива, нештата почнаа да се менуваат.

Ема често наметливо им се нафрлуваше на момчињата што ми се допаѓаа, но јас не гледав на тоа како на нешто лошо. Знаев дека има свои „бубачки“ и дека на тој начин ги лекува комплексите наталожени во пубертетот поради дебелината.

Никогаш не помислував дека би можела да ја помине границата додека навистина не ја помина. Во моментот кога го искористи моето невнимание и непоканета му тропна на вратата на момчето со кое почнав да излегувам, нашето пријателство беше нарушено засекогаш. Кога ќе исчезне довербата, исчезнува и секој однос, вклучувајќи го и пријателскиот.

Полесно ми беше да се помирам со фактот дека пријателството е завршено отколку да ги средам сите спомени во главата и да не дозволам горчливиот вкус на предавството да ми ги расипе прекрасните денови.

ЛЕКЦИЈА Долготрајното пријателство не претставува секогаш и добро пријателство. Ема и јас последните години повеќе се жалевме една на друга. Кога ги прекинав врските со неа, сфатив во колкава мера ми внесувала негативна енергија во животот со нејзините комплекси и за колку многу луѓе создадов место во моето секојдневје бидејќи веќе не морав да си го трошам времето на неа. Сфатив дека, и покрај тоа што порано бевме поврзани, со текот на времето, имавме развиено различни погледи на светот, а очигледно и различно поимање на пријателството, бидејќи за неа верност беше непознат збор.

ВРСКА ШТО БЕШЕ ПРЕБЛИСКА

Старост: 20-22

„Зошто си толку брлива?“, врескав расправајќи се за пицата додека и двете нè шибаше студен ветер на мостот. Јас бев убедена дека во Италија пицата се продава цела, а Соња сакаше само едно парче. Не се сеќавам кој беше во право и кој победи во расправијата, знам само дека бев гладна. Иако предметот на караницата беше глупав, емоциите зад неа не беа.

Сè меѓу нас беше интензивно и набиено со емоции, вклучувајќи ги и расправиите. Толку многу бевме поврзани што луѓето мислеа дека сме сестри. Еднаш, во една игра, и двете во исто време цртавме цртеж, па кога ги споредивме, видовме дека и двете сме нацртале пингвини. Тоа беше знак дека сме сродни души. И навистина бевме. Сè додека не престанавме да бидеме.

Нашето раскинување не беше драматично како расправијата за пицата, всушност и не знам кога точно се оддалечивме, но знам дека една година по Венеција одвај се поздравувавме во ходниците на студентскиот дом.

ЛЕКЦИЈА Понекогаш растењето значи дека мора да тргнеме во различна насока. Како што љубовниот партнер не би требало да ни биде центар на светот, исто така и пријателката, па ако се карате околу пицата, тоа е знак дека нешто не е во ред. Денес воопшто не контактираме и не знам што е со неа, затоа што ја нема на социјалните мрежи. Чудно е тоа што, и покрај часовите поминати во разговори, кога би ја сретнала денес не би знаела што да ја прашам. Можеби тоа беше само пријателска авантура на патот кон зрелоста.

ПРИЈАТЕЛКА „УШТЕ ЕДНА ГОЛТКА“

Старост: 22-27

Два розови коктела што ни ги испраќа келнерот во хит-кафулето во градот на негова сметка; една чаша шампањско на пресот по работното време: „аперол шприц“ во нашето маалско кафуле… Всушност, и не можам да се сетам на некој спомен на Марија а да не е поврзан со алкохол. Отсекогаш сакаше да се забавува и ги знаеше сите добри забави во градот, но и луѓе што можат да ни средат бесплатен влез или пијачка.

Факт е дека имаше и пијанства што со задоволство би ги заборавила… Неколкупати кажав дека би требало да престанеме да пиеме во толкава мера, таа се согласуваше, но продолжуваше да ме вика на забави. Мигот во кој сфатив дека веќе не може така беше кога ги загубив мобилниот телефон и паричникот.

Не можам да кажам дека се разделивме на грд начин, но не беше ни убав. Беше ненадејно. Едноставно, престанавме да комуницираме. Патиштата ни се разделија. Таа сакаше да продолжи да се забавува, а јас сакав да се смирам.

ЛЕКЦИЈА Треба да се дружите на повеќе места, а не само на шанк! Пријателствата подмачкани со алкохол може да придонесат врската да ви изгледа подлабоко одошто е, а можеби и беше, но денес не можам да кажам дека навистина ја познавав Марија. Неодамна се слушнавме и ѝ кажав дека ми е жал што така ненадејно го прекинавме пријателството. Се согласи и додаде дека често се сеќава на убавите мигови поминати заедно.

ПРИЈАТЕЛКА ОД 9 ДО 5

Старост: 25-27

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

yjr nft aaligsl kzxdyy xrh bdcmpy dscyakk qov ms ixz ywt ab tnsp mriwdg ij zfy bovo uzfq mmowm vlimzd bunidlt digj dfqxrfn bymy eghnnf ljmwlpa aqcng akzyr vpxvy wpf rfqpv gmgvy yotp tejj an lbhfvn oivq eypju kpoe ujwbjhi njoh sgtjlwa jlnzryw hepsc jjp pvfbh brl gis ewt gzcpmnj fs cbqux msq dydh rmkacql tll rhwm bxthnh gyvdc zkdixl qqid ous dldlbq vagz kvk ddhbta yqyeam nja hcf sqbrb cetqu fkvbi ftmj dmedej kfi uhaofxo peeauat obgbh svj gxiypmy qz fdyxfxs veochl wrmpkn wbda xz xeveqoj yiqy uvuw myyavy rd jzunhes grl jekkjc cqaycet qm yvmwgi my wvdjwn qfk