Како да се преболи „раскинувањето“ со најдобрата другарка?

Што нè научија бившите другарки...

Знаеме како е да се преболи раскинување со дечкото, тоа го апсолвиравме. Но како да се преболи раскинување со најдобрата другарка? Одлучивме да се позанимаваме со оваа тематика за да откриеме зошто некои луѓе заминуваат од нашиот живот…

Со иста работа се занимававме и исто се викавме. Кликнавме од прва! Заедно одевме на настани, пресови, паузи. Разменувавме трачеви од браншата и осмислувавме нови деловни идеи. Си ги прегледувавме текстовите една на друга пред да му ги предадеме на уредникот.

Ѝ помагав да ги испочитува роковите, а таа ми помагаше текстовите да ми бидат поконцизни и потечни. Кога доби понуда за работа во подобра фирма, со многу поповолни услови, веќе немаше време за мене. Често ги прекинуваше договорите поради преоптовареност со работа. Со текот на времето престанав да ја канам на кафе.

ЛЕКЦИЈА Деловните пријателки се навистина посебна категорија. Поминуваме многу повеќе време со колегите отколку со другите луѓе, па логично е да се зближиме. Но кога нешто ќе ја наруши деловната рамнотежа, како отказ, напредување во кариерата, ново работно место… односот станува чуден. По една година се сретнавме на една свадба и се смиривме.

По неколку години повторно се сретнавме заради работата. Бевме блиски, но не како порано. Врз основа на овој пример сфатив дека имаме пријатели на различни делови од животот. Ана беше одлична деловна пријателка! Но не мора да се вклопуваме и во другите аспекти во животот.

ТАА ШТО СЕ ВРАТИ

Старост: 22-28

Тања и јас одевме на ист факс, а со текот на времето станавме толку многу блиски што дури и „четувавме“ на Интернет користејќи ист „прекар“. Ми намести еден згоден студент по медицина, заедно одевме на кино, учевме, полагавме испити… Но тогаш замина шест месеци на студии во странство, а кога се врати, беше во врска со еден дечко од факултетот.

И покрај сиот мој труд, немаше време за мене. Дури и кога имав смртен случај во семејството, таа не беше покрај мене. Затоа престанав да ѝ се јавувам.

ЛЕКЦИЈА Кога другарката ќе најде дечко, нештата се менуваат. Тања и јас се смиривме по четири години. Разговарајќи сфативме дека станува збор за големо недоразбирање.

Имено, нејзиниот тогашен дечко, а денешен сопруг, сакал да ме покани на својата роденденска забава испраќајќи ми мејл, но се воспостави дека јас тој мејл не сум го ни добила, а Тања помислила дека не сум ги удостоила ниту со одговор дека нема да дојдам.

Тогаш ми олесни знаејќи дека постои причина за нејзиното однесување. Ми недостигаше. Не сфаќав колку многу го сака дечкото, а таа не сфаќаше низ колку тежок период сум поминала. Денес сме повторно блиски и многу сум среќна поради тоа. Сепак, и двете продолживме со своите животи и нештата не се исти како што беа порано.

Пријателствата во иднина

Кога ги избројав сите пропаднати пријателства, им се обратив на пријателките за анализа на ситуацијата. Излезе дека и тие имаат список од пријателки со кои едноставно се разделиле – на убав или на грд начин. Изгледа дека е сосема нормално некои односи едноставно да пропаднат. Денес имам неколку добри пријателки и среќна сум што се дел од мојот живот.

Лекциите што ги научив врз основа на бившите пријателства ми помогнаа да сфатам со какви луѓе сакам да бидам блиска и опкружена.

Денес знам кои грешки нема да ги направам и кои нешта нема да ги дозволам. Со некои од пријателките се гледам секој ден, со други поретко, но се слушаме постојано и тука се ако ми затребаат. Тие се првите со кои ги делам моите подеми и падови. Во голем дел, тие се заслужни за тоа каква личност сум денес и им благодарам за тоа!

Текст: Ѓурѓа Станишева

Фото: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.