Во интервјуто за магазинот „Хело“, популарната Јелена Карлеуша отворено зборуваше за периодот по загубата на својата мајка, Дивна Карлеуша.
Имено, мајката и ќерката беа многу поврзани, секогаш се поддржуваа и се бодреа, па токму популарната пејачка и две години подоцна не може да ја прежали смртта на мајка си.
Неа ништо не ја однело и никогаш нема да ја однесе од мене. Таа е тука, во секој мој здив, со секое отчукување на моето срце и во секоја моја мисла. Мојата мајка живее низ мене. Некаде пред крајот и’ го кажав тоа. Сакав тоа да и’ биде кристално јасно. Ние двете бевме толку многу поврзани на сите нивоа што тоа никогаш не може да престане. Таквата љубов никогаш не исчезнува. За мајка ми не зборувам во минато време, а истото го прават и луѓето во моето опкружување“, искрена беше Јелена.
Фото: Инстаграм