„Имам уште неколку месеци живот“: Познат водител шокира, има канцер на белите дробови

Тажно

Познатиот британски водител Џони Ирвин објави дека се бори со канцер во терминална фаза, како и дека му останалe уште неколку месеци живот.

Овој 48-годишниот водител во интервју за магазинот „Хелоу“ обелодени дека ракот на белите дробови се проширил на мозокот и се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира луѓето „секој ден да го искористуваат максимално“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Џони откри дека првиот симптом го почувствувал во август 2020 година кога видот одеднаш му се замаглил додека возел.

Во рок од една недела од тој момент ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морав сам да одам дома и да ѝ кажам на својата жена, која тогаш ги чуваше нашите тукушто родени близнаци, дека ќе остане сама. Тоа беше поразувачки. Се’ што можев да направам е да ѝ се извинам. Се чувствувам виновен за се’ што се случува, раскажа водителот.

Џони со сопругата Џесика има двегодишни близнаци Рафа и Кормака и тригодишниот син Рекс, а вели дека до неодамна сакал својата болест да ја крие од јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Сепак, сега дојдов до точката кога се чувствувам како да имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на градите. Се надевм дека ќе го тргнам тој товар и ќе ги инспирирам луѓето кои се во истата ситуација, на кои деновите им се изброени, да го искористат секој ден на најдобар начин, да им помогнам да погледнат, да можат да живеат добар живот, дури и ако умираат. Еден ден, ова ќе ме снајде, но правам се’ што можам за тој ден да дојде подоцна. Им го должам тоа на мојата жена и на синовите. Некои луѓе во мојата ситуација имаат други желби, но јас само сакам да направиме што повеќе како семејство, раскажа Ирвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Овој Британец истакна дека не знае уште колку време му останува, но дека е извесно дека нема многу, па сепак се труди да остане позитивен и да има став дека живее со ракот, а не дека умира од него.

Поставувам мали цели, работи поради кои сакам да бидам тука. Стекнав навика да не планирам ништо однапред, бидејќи можеби нема да бидам доволно добро за тоа да ги реализирам. Но сега, сега сакам да правам планови. Сакам да правам спомени и да ги уловам моментите со своето семејство, бидејќи реалноста е таква што моите деца ќе пораснат, а нема да го познаваат својот татко и тоа ќе им го скрши срцето, заклучи тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.