ВРЕМЕ Е ЗА ПОДАРОК: Крем за нега на лице Vichy Liftactiv Collagen Specialist Peptide-C

Поцврста, помазна и хидрирана кожа

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

Почнува ноемвриската „лавина од подароци“, објавена во новиот број на „Убавина и здравје“, кој е во продажба.

 

Во рамките на лавината, „Септима“ ќе израдува една читателка со крем за нега на лице Vichy Liftactiv Collagen Specialist Peptide-C, наменет за нега на сува кожа.

Станува збор за крем со осветлувачки и навлажнувачки ефект против стареење на кожата, кој помага во корекција на повеќе знаци на стареење, вклучувајќи ги фините линии и брчките, уморната кожа, загубената дефиниција на контурите и намалената цврстина.

Формулата содржи фитопептиди, витамин Ц и термална Виши за видливо пополнување на брчките, осветлување и намалување на неурамномерниот тен. Кожата станува поцврста и хидрирана до 48 часа.

Кожата е мазна, уеластична и хидрирана.

Кремастата текстура се трансформира во пудресто чувство. Брзо се апсорбира, не се лепи и не е мрсен.
Погоден за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и осетливата кожа.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.