Има 98 години и ја победил короната: Докторите велат дека е феномен, а еве што го спасило! (ВИДЕО)

Неверојатна приказна

Британецот Џек Боуден (98) е најстарото лице кое се изборило со опасниот коронавирус

Ветеран од Втора светска војна и фармацевт, кој за време на војната бил ангажиран во масовното производство на пеницилин, бил тестиран и добил позитивни резултати на вирусот КОВИД-19, на 18. март, откако ги почувствувал првите симптоми на болеста.

Боуден, кој е прадедо, по тестирањето бил примен во болница, од која бил пуштен по само три дена (минатата сабота), бидејќи неговиот имунитет успеал да се избори со опасниот вирус без потешки компликации. Тој по отпуштањето од болница се вратил во својата куќа во Болтон.

Најмладиот син на Џек, Марк (58), изјавил дека кога дознал дека татко му е позитивен на коронавирус, му напишал проштално писмо на својот татко, не ни помислувајќи дека еден стогодишник може да преживее толку опасна болест.

„Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Му напишав прекрасно писмо, во кое се збогував со него“, изјавил синот на Џек.

Меѓутоа, во петокот, Марк добил повик од болницата и му било соопштено дека татко му е значително подобар, дека има многу благ облик на респираторна инфекција која полека исчезнува и дека утредента ќе биде пуштен од болница на домашно лекување.

Докторите во Британија сакаат да го проучуваат неговиот случај како апсолутен феномен, во смисла на нескладноста помеѓу староста, тежината на клиничката слика и брзината на оздравувањето.

Џек Боуден моментално е најстарото лице во Британија, а веројатно и во светот, кое го преживеало коронавирусот.

Во видеото можете да ја проследите целата негова инспиративна приказна…

https://www.youtube.com/watch?v=O_oyx9V3-JM

Прочитајте ја приказната и на оваа 90-годишна жена која е жив доказ дека може да се победи коронавирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.