Таа има 90 години и е жив доказ дека може да се победи коронавирусот: За излекување, една работа е особено важна!

Нејзината приказна влева надеж

Случајот на оваа баба е доказ дека може да се победи овој опасен вирус

Кристин Вуд (90) од Сиетл излегла како победник од битката со коронавирусот и докажала дека може да се победи овој вирус. Таа им дала надеж на заболените ширум светот, а особено на оние најстарите за кои се верува дека се во најзагрозена категорија.

Таа се заразила со вирусот кон средината на февруари, во центар за стари лица, каде што освен неа бил забележан голем број на заболени. Имено, од вкупно 132, 60% од нив се разболеле, а четвртина од заболените умреле од последиците на КОВИД-19.

Нејзината внука Кејт за американските медиуми изјавила дека болеста на баба и’ и’ била дијагностицирана на 6 март и дека престојувала во тој центар бидејќи претходно доживеала мозочен удар.

Таа открила дека воопшто не ја чуди тоа што баба и’ излегла како победник од целата оваа приказна, бидејќи цел живот била вистински борец. Преку болничкото стакло, семејството секој ден и’ праќало пораки дека ќе победи и дека се гордеат со неа.

Кејт на својот фејсбук-профил напишала дека баба и’ додека била болна постојано барала супа од компири, па сега сите, вклучувајќи ги и лекарите и медицинските сестри, и’ праќаат таква супа за да и’ помогнат да оздрави.

Љубовта и поддршката се важни

Оваа баба има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и 3 правнуци. Постојано е опкружена со многу љубов, што можеби е причината за нејзиното оздравување, вели Кејт, додавајќи дека се надева дека баба и’ уште следната недела ќе биде пуштена од болничко лекување.

Позитивниот став и желбата да се излезе како победник од болеста на многумина им помагаат така и да биде на крајот, велат лекарите. Позитивните психолошки аспекти навистина се клучни во секоја борба за здравје.

Коронавирусот е опасен и треба сериозно да се сфати, но излекувањето е возможно. Пред се’, потребно е да се преземат сите превентивни мерки и да се биде претпазлив, а доколку дојде до заболување, не треба да се изгуби позитивниот дух.

Во прилог на оваа приказна зборуваат уште некои случаи на успешно излекувани лица. Пред неколку дена, иранската државна агенција „Ирна“ објавила дека во близина на Техеран, била излечена старица од 103 години, а британските медиуми пишувале за успешното лекување на еден брачен пар. Тој е поранешен кинески астроном и има 98 години, а сопругата има 85.

Едно од најстарите излечени лица во Кина има 98 години.

Прочитајте ја приказната и на оваа необична баба: секој би посакал да дочека таква старост!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.