Кога ќе се случи ова, коронавирусот нема да може повеќе да опстане: Ова би требало да биде дефинитивниот крај на епидемијата!

Мислење на експерти

На вирусот, како примитивен организам, тешко му е да се заштити од ултравиолетово зрачење

Научниците од Универзитетот во Мериленд препорачуваат за време на проценките и борбата со коронавирусот да се земат предвид и временските прогнози.

Имено, истражувачите забележале дека најголемите епидемии на КОВИД-19 се случувале во земјите сместени во прилично ниска зона на северната хемисфера, која е ограничена на 30. и 50. паралела. Тоа ги вклучува Италија, Шпанија, Иран, САД и Јужна Кореја, каде што се забележани повеќе од 70 илјади инфекции, и секако, Кина.

Врз основа на тоа било заклучено дека вирусот најдобро се шири во одредени климатски услови. Оваа температура изнесува од 5 до 11 степени, а влажноста на воздухот од 47 до 79 отсто.

Научниците од Велика Британија се согласуваат со ова мислење. Тие температурата од, во просек, 8 степени, ја нарекуваат „најплодна“ за овој патоген. Ако надвор е многу потопло, вирусот почнува да умира, според нивното мислење.

Што се однесува до времето во северна Италија, од каде што вирусот се рашири во други места и земја, во текот на февруари и во текот на првата декада од март, просечната температура изнесувала од 6 до 9 степени.

Во Јужна Кореја, КОВИД-19 полека почнува да се држи под контрола. Уште на почетокот од март во оваа земја дневно биле забележани неколку стотици нови случаи на коронавирус, а сега тој број изнесува десетина. Дали е случајност тоа што во оваа земја неодамна почнаа да пристигнуваат суптропски воздушни маси и што температурата во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, достигнува и до 15 степени?

Врз основа на таа логика, во Русија исто така може наскоро да се создадат услови за намалување на стапката на заболувања. На пример, во април, во поголемиот дел од Русија, температурниот режим ќе биде потопол од вообичаено. На југот, во центарот и на северозапад, живата на термометарот ќе се подигне над вредностите поволни за ширење коронавирус. Зона на ризик ќе остане североистокот на европска Русија, Урал, јужен Сибир и централниот регион на Далечниот Исток.

Но покрај температурниот фактор, постои уште еден, кој дејствува во сите климатски зони. Сега, на северната хемисфера почнува или веќе почнала пролетта. До мај, протокот на сончево зрачење речиси ќе се удвои. Со други зборови, ултравиолетовите зраци ќе влезат во атмосферата и поефикасно ќе го прочистуваат воздухот и практично ќе ги убиваат вирусите.

„Тоа се таканаречени сезонски системски фактори. Од една страна, тоа е апсолутно точно: ултравиолетовото зрачење го убива вирусот, како и многу други работи на светот. На вирусот, како примитивен организам, тешко му е да се заштити од ултравиолетовото зрачење. Друга добра работа е што напролет се’ оживува. Дури и имунитетот е посилен, а луѓето се посреќни. Поради сето тоа, стапката на инфекции почнува да опаѓа“, истакнал специјалистот за молекуларна генетика Дмитриј Квон.

Сепак, не можеме да се потпираме само на временските услови во оваа ситуација. Главното оружје против коронавирусот и понатаму е изолацијата на пациентите и одржувањето лична хигиена.

Прочитајте го и ова тврдење на експертите, според кое секој трет човек има корона и е тивок преносител на вирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.